Milwaukee 2237-40 Original Instructions Manual page 79

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 28
Тестирајте го функционирањето на ЛЕД на некој познат извор
на напон. Доколку ЛЕД не свети, во тој случај детекторот на
напон е дефектен и не смее да се употребува за мерења! Врз
контролата на напонот без контакт влијаат екстерни напони
исто како што влијае и тоа, како мерниот апарат се држи
односно поставен.
Мерни категории и нивно значење според IEC 61010-1:
CAT III: мерења во инсталација на објект: стационарни
потрошувачи, дистрибуциски приклучок, апарати фиксни на
дистрибутер.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА Батерии
За беспрекорна работа во апаратот мора да бидат уредно
ставени 2-AA батерии. Не употребувајте други видови на
напојување со напон или струја.
Секогаш чувајте ги батериите вон дофат на деца.
Не употребувајте мешавина од нови и употребувани батерии.
Не употребувајте мешавина од батерии на различни
производители (или различни типови од еден производител).
Не употребувајте истовремено батерии што можат да се
полнат и батерии што не можат да се полнат.
Ставајте ги батериите според симболите + / – .
Искористените батерии отстранете ги веднаш уредно.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи и деца) со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток на искуство и / или
недостаток на знаење, освен доколку тие лица се под надзор
на лице, кое е надлежно за нивната безбедност, или доколку
од тоа лице добиваат инструкции за тоа, како да се користи
апаратот. Децата треба да бидат под надзор за да бидете
сигурни, дека тие не играат со апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој апарат е погоден за мерење на следните параметри:
наизменична струја, еднонасочна струја, наизменичен напон,
еднонасочен напон, електричен отпор, контрола на електричен
проток, капацитет на кондензатор, електрична фреквенција.
Овој апарат смее да се употребува само за мерење на
претходно наведените параметри.
ФУНКЦИЈА ЗА АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ
Апаратот се исклучува по 20 минути, доколку во тој период не
биде притиснат некој тастер или тркалцето за нагодување.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Пред мерење поставете го тркалцето за нагодување на
саканата позиција.
Вклучете ги контролните кабли цврсто во мерниот апарат.
При мерење струја отстранете ги контролните кабли од
мерниот апарат.
Не го изложувајте мерниот апарат на директно зрачење на
сонце, високи температури, виска влажност на воздух или
утринска роса.
Употреба на надморска височина до 2000 m. Соодветна
температура на опкружувањето --10°C - 50°C.
Мерниот апарат не е отпорен на прашина и вода. Чувајте го
мерниот апарат настрана од прашина и вода.
Исклучете го мерниот апарат по употреба. Доколку мерниот
апарат не се употребува подолг период, отстранете ја
батеријата.
Чистете го мерниот апарат со влажна крпа или меко средство
за чистење. Не употребувајте средства за триење или
разредувачи.
414 014 - ClampMeter 2237-40.indd 79
414 014 - ClampMeter 2237-40.indd 79
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Milwaukee
Electric Tool, Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно
со другиот домашен отпад! Европска
регулатива 2002/96/EC за одлагање на
електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале
крајот на својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Со цел за избегнување електричен удар,
пред отворање на куќиштето или
отстранување на батеријата отстранете ги
контролните кабли.
Маса
Заштитна изолација
Не вршете мерења во струјни кола со
>600 V
600
600 00
напони над 600 V.
Не ги допирајте мерните врвови за време на
мерењето.
МАКЕДОНСКИ
79
10.06.2010 09:27:58
10.06.2010 09:27:58

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents