Bosch GAS 35 L SFC+ Original Instructions Manual page 172

Wet/dry vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for GAS 35 L SFC+:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-1702-003.book Page 172 Monday, September 29, 2014 2:58 PM
172 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај вшмукувачите од класа L, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите
загадени делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат
во непропустливи кеси во согласност со важечките
одредби за отстранување на ваков отпад.
За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот
мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира вшмукувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте
работеле.
Вадење/менување на набраниот филтер
(види слики J1–J2)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер 24.
– Извлечете го од окцето за затворање 14 и отворете го
поклопецот за филтерот 34.
– Фатете го набраниот филтер 24 за држачите и извадете
го нагоре.
Отстранување на пречки
Проблем
Турбината за вшмукување не работи.
Турбината за вшмукување се исклучува.
1 609 92A 0XC | (29.9.14)
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при
вадење на набраниот филтер 24, со влажна крпа од
рабовите на поклопецот за филтерот 34.
– Поставете го новиот набран филтер 24 и внимавајте
добро да легне.
– Повторно затворете го поклопецот за филтер 34
(додека не слушнете дека е вклопен).
Контејнер
– Избришете го контејнерот 1 одвреме-навреме со
вообичаено средство за чистење што не гребе и
оставете го да се исуши.
Сензори за ниво на наполнетост (види слика K)
Повремено исчистете ги сензорите за ниво на
наполнетост 35.
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост 35 со
една мека крпа.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Складирање и транспорт (види слика L)
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
13.
– Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката
за вшмукување 29 во држачите 15, млазницата за фуги
25 во држачот 16, подната млазница 28 во држачот 17.
– Отворете ги еластичните ленти на држачите на цревото
за вшмукување 4 и поставете го цревото за
вшмукување 21 на горниот дел на вшмукувачот во
држачот 4.
Повторно закачете ги еластичните ленти.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 7.
– Извадете ја полната вреќичка со отпад одн. прав или
испразнете ги насобраните течности пред транспортот
на вшмукувачот, за да избегнете болки во грбот.
Носете го вшмукувачот само за рачката за носење 6.
– Складирајте го вшмукувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата за промена на правец 12,
притиснете ја кочницата на тркалцата 11.
Помош
– Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот,
ѕидната дозна и сензорите за наполнетост 35.
Прекинувачот за избор на начин на работа 5 стои на „Старт/Стоп
автоматика ".
– Прекинувачот за избор на начин на работа 5 поставете го на ознаката
„Вшмукување" одн. вклучете го приклучениот електричен апарат на
ѕидната дозна 3.
– Испразнете го контејнерот 1.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents