Bosch GAS 35 M AFC Professional Original Instructions Manual page 199

Hide thumbs Also See for GAS 35 M AFC Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-1715-003.book Page 199 Monday, September 29, 2014 11:46 AM
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– Деактивирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 35 се гаси.
– Активирање на AFC
Активирајте го копчето за AFC 9.
Контролното LED-светло 35 свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај вшмукувачите од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите
извалкани делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат
во непропустливи кеси во согласност со важечките
одредби за отстранување на ваков отпад.
За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот
мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира вшмукувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте
работеле.
Bosch Power Tools
Вадење/менување на набраниот филтер
(види слики I1–I2)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер 26.
– Извлечете го од окцето за затворање 18 и отворете го
поклопецот за филтерот 36.
– Фатете го набраниот филтер 26 за држачите и извадете
го нагоре.
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при
вадење на набраниот филтер 26, со влажна крпа од
рабовите на поклопецот за филтерот 36.
PES- и PTFE-набраните филтри може да се исплакнат
под проточна вода.
– Поставете го новиот исчистен набран филтер 26 и
внимавајте добро да легне.
– Повторно затворете го поклопецот за филтер 36
(додека не слушнете дека е вклопен).
Контејнер
Избришете го контејнерот 1 одвреме-навреме со
вообичаено средство за чистење што не гребе и оставете
го да се исуши.
Сензори за ниво на наполнетост (види слика J)
Повремено исчистете ги сензорите за ниво на
наполнетост 37.
– Отворете ги затворачите 13 и извадете го горниот дел
на вшмукувачот 12.
– Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост 37 со
една мека крпа.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 12 и
затворете ги затворачите 13.
Складирање и транспорт (види слика K)
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
17.
– Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката
за вшмукување 31 во држачите 19, млазницата за фуги
27 во држачот 20, подната млазница 30 во држачот 21.
– Отворете ги еластичните ленти на држачите на цревото
за вшмукување 4 и поставете го цревото за
вшмукување 24 на горниот дел на вшмукувачот во
држачот 4.
Повторно закачете ги еластичните ленти.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 11.
– Извадете ја полната вреќичка со отпад одн. прав или
испразнете ги насобраните течности пред транспортот
на вшмукувачот, за да избегнете болки во грбот.
Носете го вшмукувачот само за рачката за носење 10.
– При транспорт на вшмукувачот, зашрафете ги чеповите
2 на прифатот на цревото 3.
– Складирајте го вшмукувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата за промена на правец 16,
притиснете ја кочницата на тркалцата 15.
Македонски | 199
1 609 92A 0XA | (29.9.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents