Македонски - Philips SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1 Manual

Hide thumbs Also See for SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ги искористите придобивките од
поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/MyVacuumCleaner.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и неговите
додатоци и зачувајте ги за во иднина. Испорачаните додатоци може да се разликуваат за различни
производи.
Опасност
-
Никогаш не смукајте вода или други течности. Никогаш не смукајте запаливи супстанции и пепел
додека не се излади.
-
Не потопувајте го уредот или адаптерот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
Предупредување
-
Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на адаптерот одговара на напонот
од локалната електрична мрежа.
-
Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот или адаптерот ако е
оштетен. Секогаш заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
-
Адаптерот има трансформатор. Не отсекувајте го адаптерот за да го замените приклучокот,
бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
-
Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или не добиваат инструкции за користењето на уредот од страна на лице кое е
одговорно за нивната безбедност.
-
Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со уредот.
-
Чувајте го уредот и неговиот кабел надвор од дофатот на деца.
-
Секогаш држете го магнетниот диск за полнење подалеку од дофат на мали деца.
-
Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
-
Откачете го адаптерот ако планирате да не го користите уредот подолго време.
-
При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се
дека батеријата е наполнета до најмалку 50 %. Складирање на уредот со празна батерија може да
доведе до неповратна штета на батеријата.
-
Исто така, осигурете се дека адаптерот е откачен кога ќе го складирате уредот.
-
Не дозволувајте моторизираната четка да поминува преку каблите на други уреди или други
кабли бидејќи ова може да предизвика опасност.
-
Држете ги широката облека, косата и деловите од телото подалеку од моторизираните четки.
-
Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите за вентилација додека работи уредот.
-
Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја правосмукалката за
смукање градежен шут, прав од цемент, пепел, ситен песок, вар и слични супстанции. Никогаш не
користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го оштети моторот и да го скрати
работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите делови на правосмукалката како што
е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или со средства за
чистење ако ова не е конкретно прикажано во корисничкото упатство.
-
Овој производ содржи батерија на полнење. Батеријата може да ја смени само квалификуван
сервисен инженер.
Македонски
Македонски
117

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents