Македонски - Philips SpeedPro Aqua FC6729/01 Manual

Hide thumbs Also See for SpeedPro Aqua FC6729/01:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
122
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ги искористите придобивките
од поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/MyVacuumCleaner.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и неговите
додатоци и зачувајте ги за во иднина. Испорачаните додатоци може да се разликуваат за
различни производи.
Опасност
- Никогаш не смукајте вода или други течности. Никогаш не смукајте запаливи супстанции и
пепел додека не се излади.
- Не потопувајте го уредот или адаптерот во вода или во друга течност и не плакнете го под
чешма.
Предупредување
- Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на адаптерот одговара на
напонот од локалната електрична мрежа.
- Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот или адаптерот ако е
оштетен. Секогаш заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
- Адаптерот има трансформатор. Не отсекувајте го адаптерот за да го замените приклучокот,
бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со
уредот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Секогаш држете го магнетниот диск за полнење подалеку од дофат на мали деца.
- Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
- Откачете го адаптерот ако планирате да не го користите уредот подолго време.
- При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете
се дека батеријата е наполнета до најмалку 50 %. Складирање на уредот со празна батерија
може да доведе до неповратна штета на батеријата.
- Исто така, осигурете се дека адаптерот е откачен кога ќе го складирате уредот.
- Не дозволувајте моторизираната четка да поминува преку каблите на други уреди или други
кабли бидејќи ова може да предизвика опасност.
- Држете ги широката облека, косата и деловите од телото подалеку од моторизираните
четки.
- Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите за вентилација додека работи уредот.
- Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја
правосмукалката за смукање градежен шут, прав од цемент, пепел, ситен песок, вар и
слични супстанции. Никогаш не користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го
оштети моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите
делови на правосмукалката како што е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете
ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
Македонски

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents