Македонски - Philips AquaTrio Cordless 9000 Series Manual

Hide thumbs Also See for AquaTrio Cordless 9000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
90
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и неговите
додатоци и зачувајте ги за во иднина. Испорачаните додатоци може да се разликуваат за различни
производи.
Опасност
-
Никогаш не смукајте запаливи супстанци, како и пепел сѐ додека не се излади.
-
Не потопувајте го уредот или адаптерот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
Предупредување
-
Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на адаптерот одговара на напонот
од локалната електрична мрежа.
-
Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот или адаптерот ако е
оштетен. Секогаш заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
-
Адаптерот има трансформатор. Не отсекувајте го адаптерот за да го замените приклучокот,
бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
-
Philips го тестираше овој уред само со средство за чистење подови на Philips. Други детергенти
може да направат премногу пена што ги намалува перформансите на уредот и може да
предизвика дефект.
-
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, доколку се
под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат
потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Децата не треба да го чистат
или да го одржуваат уредот без надзор.
-
Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
-
Откачете го адаптерот ако планирате да не го користите уредот подолго време.
-
При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се
дека батеријата е наполнета до најмалку 50 %. Складирање на уредот со празна батерија може да
доведе до неповратна штета на батеријата.
-
Не дозволувајте моторизираната млазница да поминува преку каблите на други уреди или други
кабли бидејќи ова може да предизвика опасност.
-
Држете ги широката облека, косата и деловите од телото подалеку од моторизираните четки.
-
Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите за вентилација додека работи уредот.
-
Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните
или кога брзо се празни.
-
Ако уредот ако е оштетен, не полнете го.
-
Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја правосмукалката за
смукање градежен шут, прав од цемент, пепел, ситен песок, вар и слични супстанции. Никогаш не
користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го оштети моторот и да го скрати
работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите делови на правосмукалката како што
е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или со средства за
чистење ако ова не е конкретно прикажано во корисничкото упатство.
Внимание
-
При полнењето, адаптерот е топол на допир. Тоа е нормално.
-
Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со уредот со мокри раце.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents