Makita LS1219 Instruction Manual page 108

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS1219:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нагодување на аголот на
закосеност
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш отстранувајте ги
горните насочени граничници и вертикалните
менгемиња пред да го нагодите аголот на
закосеност.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги менувате аглите на
закосеност, позиционирајте ги таблите со
засеци соодветно како што е објаснето во
делот „Табли со засеци".
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го навалувате ножот на
пилата, мора целосно да ја подигнете рачката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте го копчето
премногу силно. На тој начин може да
се предизвика дефект на механизмот за
блокирање на аголот на закосеност.
1.
Свртете го копчето на лизгачкиот столб налево.
► Сл.17: 1. Копче
2.
Повлечете го и свртете го лостот на затворачот
на позицијата како што е прикажано на сликата.
► Сл.18: 1. Лост на затворачот
3.
Изедначете го покажувачот со саканиот агол
на скалата со придвижување на носачот, а потоа
затегнете го копчето.
► Сл.19: 1. Скала на аголот на закосеност
2. Покажувач
За да го навалите носачот надесно, навалете го
малку налево, а потоа навалете го надесно додека
го притискате копчето за отпуштање.
► Сл.20: 1. Копче за отпуштање
Ако правите закосено сечење поголемо од 45°,
придвижете го носачот додека го лизгате лостот за
отпуштање кон предниот дел на алатот. Можете да
правите закосено сечење до 48°.
► Сл.21: 1. Лост за отпуштање
Оваа аголна пила располага со функција на
позитивно стопирање. Можете брзо да поставите
агол од 22,5° и 33,9° и на десната и на левата
страна. Поставете го лостот на затворачот во
позицијата како што е илустрирано и навалете го
носачот. За да го промените аголот, повлечете го
лостот на затворачот и навалете го носачот.
► Сл.22: 1. Лост на затворачот
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
закосеност, секогаш прицврстувајте го копчето.
Заклучување на лизгачот
За да се заклучи потезното движење на носачот,
турнете го носачот кон насочниот граничник додека
не застане. Повлечете го осигурувачот за стопирање
и свртете го за 90°.
► Сл.23: 1. Неблокирана положба 2. Блокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
приклучите кабелот во мрежата, секогаш
проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и се
враќа во положбата „ИСКЛУЧЕНО" кога
ќе се отпушти. Не повлекувајте го силно
прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за блокирање. Тоа може
да предизвика дефект на прекинувачот. Ако
работите со алат чиј прекинувач не работи
исправно, може да дојде до загуба на контролата
и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако прекинувачот не
е целосно функционален. Секој алат со
неисправен прекинувач е МНОГУ ОПАСЕН и
мора да се поправи пред натамошна употреба,
во спротивно, може да дојде до тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
► Сл.24: 1. Прекинувач за стартување 2. Копче за
блокирање 3. Отвор за катанец
За да не се повлече прекинувачот за стартување
случајно, обезбедено е копче за блокирање. За
да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за блокирање и повлечете го прекинувачот за
стартување. Отпуштете го прекинувачот за
стартување за да сопре.
На прекинувачот за стартување има отвор за
вметнување катанец за заклучување на алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
катанец со шипка или кабел со дијаметар
помал од 6,35 мм. Шипката или кабелот со помал
дијаметар може да не го заклучат алатот целосно
во исклучената положба и може да дојде до
ненамерно вклучување што ќе резултира со тешка
телесна повреда.
108 МАКЕДОНСКИ
Пред да го
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
Не користете

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ls1219l

Table of Contents