Makita LS1219 Instruction Manual page 107

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS1219:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прво, исклучете го алатот од напојувањето.
Олабавете ги сите завртки (по 2 на лево и десно)
обезбедувајќи ги таблите со засеци додека тие сè
уште можат лесно да се придвижуваат со рака.
Целосно спуштете ја рачката, а потоа повлечете
го и турнете го осигурувачот за стопирање за да
ја блокирате рачката во спуштената положба.
Ослободете го осигурувачот за стопирање на
лизгачкиот столб и повлечете го носачот целосно
кон себе. Нагодете ги таблите со засеци, така што
само ќе ги допираат страните од запците на ножот.
Стегнете ги предните завртки (не стегнувајте ги
цврсто). Турнете го носачот целосно кон насочниот
граничник и нагодете ги таблите со засеци, така
што само ќе ги допираат страните од запците на
ножот. Стегнете ги задните завртки (не стегнувајте
ги цврсто).
Откако ќе ги нагодите таблите со засеци,
ослободете го осигурувачот за стопирање и
подигнете ја рачката. Потоа, цврсто стегнете ги сите
завртки.
ЗАБЕЛЕШКА:
Откако ќе го поставите аголот
на закосување, уверете се дека таблите со
засеци се правилно нагодени. Правилното
нагодување на таблите со засеци ќе помогне во
обезбедувањето правилна поддршка на работниот
материјал со што ќе се намали неговото абење.
Одржување максимален
капацитет на сечење
Овој алат е фабрички нагоден да обезбедува
максимален капацитет на сечење за нож за пила од
305 мм.
Кога монтирате нов нож, секогаш проверувајте
ја долната гранична положба на ножот и, ако е
потребно, нагодете ја на следниов начин:
Прво, исклучете го алатот од напојувањето. Свртете
ја рачката на лостот за стопирање до активна
позиција.
► Сл.12: 1. Лост за стопирање
Целосно турнете го носачот кон насочниот граничник
и целосно спуштете ја рачката.
Нагодете ја позицијата на сечилото со вртење
на завртката за нагодување со имбус-клучот.
Периферијата на сечилото треба малку да се
прошири под горната површина на вртливата основа
и, исто така, да дојде до точката каде што предното
лице на насочниот граничник се сретнува со горната
површина на вртливата основа.
► Сл.13: 1. Шраф за нагодување
► Сл.14: 1. Горна површина на вртливата основа
2. Периферија на ножот 3. Насочен
граничник
Кога алатот е исклучен од напојување, вртете го
ножот со рака додека ја држите рачката целосно
спуштена за да се осигурите дека ножот не допира
ниту еден од деловите на долната основа. Ако е
потребно, извршете мали нагодувања.
По нагодувањето, секогаш враќајте го лостот за
стопирање во почетната положба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
нов нож и со алатот откачен од изворот на
електрична енергија, секогаш осигурувајте се
дека ножот не допира ниту еден од деловите
на долната основа кога рачката е целосно
спуштена. Ако ножот дојде во контакт со
основата, може да предизвика повратен удар и да
резултира со тешка телесна повреда.
Рака за стопирање
Долната гранична положба на ножот може лесно да
се нагоди со раката за стопирање. За да ја нагодите,
свртете ја раката за стопирање во насока на
стрелката како што е покажано на сликата. Свртете
ја завртката за нагодување, така што сечилото да
запира во саканата положба кога рачката целосно
ќе се спушти.
► Сл.15: 1. Рака за стопирање 2. Завртка за
нагодување
Нагодување на аголот на спојот
ВНИМАНИЕ:
спојот, секогаш прицврстувајте ја вртливата
основа цврсто стегнувајќи ја дршката.
ЗАБЕЛЕШКА:
основа, целосно подигнувајте ја рачката.
► Сл.16: 1. Лост на блокирачот 2. Дршка 3. Лост за
отпуштање 4. Покажувач
Свртете ја дршката налево за да ја отклучите
вртливата основа. Завртете ја дршката додека
го држите лостот за блокирање надолу за да ја
придвижите вртливата основа. Изедначете го
покажувачот со саканиот агол на скалата, а потоа
затегнете ја дршката.
НАПОМЕНА: Ако го притиснете лостот за
отпуштање, можете да ја движите вртливата
основа без да го држите лостот за блокирање.
Стегнете ја дршката на саканата позиција.
Оваа аголна пила располага со функција на
позитивно стопирање. Брзо може да поставите
десен/лев агол на спој од 0°, 15°, 22,5°, 31,6°, 45° и
60°. За да ја користите оваа функција, придвижете ја
вртливата основа близу до посакуваниот позитивен
агол на стопирање додека го држите надолу лостот
за блокирање. Потоа отпуштете го лостот за
блокирање и придвижете ја вртливата основа кон
напред додека истата е блокирана.
107 МАКЕДОНСКИ
По монтирањето
По промената на аголот на
Кога ја вртите вртливата

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ls1219l

Table of Contents