Vox EHT5020WG User Manual page 137

Free standing cooker
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 27
исчистите рерната.
Чистење на грејачот на ринглата
Редовно чистете го грејачот на
ринглата.
Бришете ја ринглата со мека крпа
натопена само во вода. Потоа, кратко
вклучете ја ринглата за целосно да се
исуши.
Чистење на емајлираните делови
Чистете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода со
сапуница.
Бришете ги емајлираните делови
со мека крпа натопена во вода со
сапуница. Потоа, повторно избришете
ги со мокра крпа и исушете ги.
Немојте да ги чистите емајлираните
делови по готвење додека сѐ уште
се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на емајлираните делови
подолго време.
Чистење на деловите од
не'рѓосувачки челик (ако има)
Редовно чистете ги деловите од
не'рѓосувачки челик на апаратот.
Бришете ги деловите од не'рѓосувачки
челик со мека крпа натопена само
во вода. Потоа, добро исушете ги со
сува крпа.
Немојте да ги чистите деловите од
не'рѓосувачки челик по готвење
додека сѐ уште се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на деловите од не'рѓосувачки
челик подолго време.
Чистење на обоени површини (ако
има)
Дамките од патлиџан, сос од
патлиџан, кечап, лимон, нафтени
деривати, млеко, храна која содржи
шеќер, засладени пијалоци и кафе
треба да се исчистат веднаш со крпа
натопена во топла вода. Ако не ги
исчистите флеките и ги оставите да
се исушат на површината на која се
наоѓаат, НЕ треба да ги триете со
тврди предмети (остри предмети,
челични и пластични жици за триење,
сунѓер за садови кој може да ја
оштети површината) или средства за
чистење кои содржат високо ниво на
алкохол, средства за чистење флеки,
средства за одмастување, абразивни
хемикалии. Во спротивно, може да
дојде до корозија на површините
бојадисани со прашок и може да
останат флеки. Производителот нема
да биде одговорен за каква било
штета предизвикана од употреба на
несоодветни производи или методи
за чистење.
Вадење на вратата на рерната
Пред да го чистите стаклото на вратата
на рерната, мора да ја извадите вратата,
како што е покажано подолу.
1. Отворете ја вратата на рерната.
2. Отворете ја бравата (a) (со помош на
шрафцигер) до крај.
3. Затворете ја вратата додека не стигне
речиси до целосно затворање и извадете
ја така што ќе ја повлечете кон Вас.
МК - 18
a

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eht6020wg

Table of Contents