Монтирање Иподготовка За Употреба; Упатства За Инсталатер - Vox EHT5020WG User Manual

Free standing cooker
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 27
2. МОНТИРАЊЕ И
ПОДГОТОВКА ЗА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Овој апарат
мора да го монтира овластен
сервисер или квалификуван
техничар, согласно упатствата во овој
водич и во согласност со тековните
локални прописи.
Неправилно монтирање може да
предизвика повреда и оштетување за
коишто производителот не презема
одговорност и за коишто нема да
важи гаранцијата.
Пред монтирањето, проверете дали
локалните услови на дистрибуција
(напонот на струјата и фреквенцијата
и/или природата и притисокот
на плинот) и приспособувањата
на производот се компатибилни.
Условите за приспособување на овој
апарат се посочени на етикетата.
Треба да се почитуваат законите,
уредбите, директивите и стандардите
кои се на сила во земјата на употреба
(безбедносни регулативи, соодветно
рециклирање во согласност со
регулативите итн.).
2.1 Упатства за инсталатер
Општи упатства
Откако ќе го извадите материјалот
за пакување од апаратот и
дополнителните делови, проверете
дали е оштетен апаратот. Ако се
сомневате дека има каква било
штета, не користете го апаратот и
веднаш контактирајте со овластен
сервисер или квалификуван
електричар.
Погрижете се да нема запаливи
материјали во непосредна близина,
како завеси, масло, ткаенина итн.,
кои може да се запалат.
Работната површина и мебелот кој
се наоѓа околу апаратот мора да
бидат направени од материјали кои
се отпорни на температури повисоки
од 100°C.
Апаратот не треба да се монтира
директно над машина за миење
садови, фрижидер, замрзнувач,
машина за перење алишта или
машина за сушење алишта.
Апаратот може да се постави во
близина на друг мебел, под услов,
во просторот каде што
поставен, висината на мебелот да не
ја надминува висината на плочата за
готвење.
Монтирање на шпоретот
Ако мебелот во кујната е повисок
од плочата за готвење, тој мора да
биде оддалечен најмалку 10 cm од
страните на апаратот за да може
воздухот да струи.
Ако треба да се монтира аспиратор
или кујнски елемент над апаратот,
безбедното растојание помеѓу
плочата за готвење и кој било кујнски
елемент/аспиратор треба да биде
како што е покажано подолу.
A (mm) Кујнски елемент
Б (mm) Аспиратор на шпоретот
C (mm)
D (mm)
МК - 10
апаратот
е
420
650/700
Ширина на
производот
50

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eht6020wg

Table of Contents