Извршување На Почетното Поставување; Користење На Тв-Контролор - Samsung Serif LS01T User Manual

Hide thumbs Also See for Serif LS01T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
05 Извршување на почетното поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој веднаш ќе го активира почетното поставување.
Почетното поставување ви овозможува да ги конфигурирате основните поставки според кои ќе
функционира телевизорот, како што се прием на емитувања, пребарување канали и мрежна врска.
• Пред да започнете со почетното поставување, прво треба да поврзете надворешни уреди.
• За да ги користите паметните функции на телевизорот, телевизорот мора да биде поврзан на
интернет.
• За да извршите почетно поставување со помош на апликацијата SmartThings мора да го поврзете
мобилниот уред преку Wi-Fi.
• Ако прозорецот за поставување не се појави автоматски во апликацијата SmartThings на мобилниот
уред, тогаш продолжете го поставувањето рачно откако ќе го додадете телевизорот преку функцијата
Додај уред на контролната табла на апликацијата SmartThings.
• Апликацијата SmartThings е достапна за мобилни уреди со Android 6.0 или понова верзија, како и за
уреди со iOS 10 или понова верзија.
• Кога телевизорот комуницира со мобилните уреди, на телевизорот може привремено да се појави шум.
Почетното поставување може да го активирате и преку менито на телевизорот (
Општо > Ресетирај).
Следете ги инструкциите што се прикажуваат на екранот за почетно поставување и конфигурирајте ги
основните поставки на телевизорот според опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со копчето ТВ-контролор што се наоѓа во долниот лев агол на задната страна
на телевизорот и ќе можете да го користите Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола се појавува
кога ќе го притиснете копчето ТВ-контролор кога телевизорот е вклучен. За повеќе информации во врска
со користењето, погледнете ја сликата подолу.
За да активирате некој елемент од менито, поместете го копчето ТВ-контролор нагоре, надолу, лево или
десно за да го поместите означувањето врз тој елемент, а потоа притиснете го копчето ТВ-контролор.
Сензор за далечинскиот управувач / Сензор за звук
Македонски - 12
Мени за контрола
: Smart Hub
: Извор
: Поставув.
: Исклучи
: Врати
Копче ТВ-контролор
• Притиснете: Овозможува прикажување на Мени за
контрола. Избирање или активирање на означениот
елемент во менито.
• Притиснете и задржете: Активната функција се
исклучува
• Копче за нагоре/надолу: Менување на канали.
• Копче за лево/десно: Овозможува менување на јачината
на звукот.
Копчето ТВ-контролор се наоѓа во долниот лев агол од
задната страна на телевизорот.
>
Поставување >

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents