Користење На Функцијата Nfc On Tv - Samsung Serif LS01T User Manual

Hide thumbs Also See for Serif LS01T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
03 Користење на функцијата NFC on TV
Функцијата NFC on TV може да ја користите за да го слушате звукот од вашиот мобилен уред преку
звучникот на телевизорот.
1. Отклучете го екранот на вашиот мобилен уред.
2. Активирајте ја функцијата NFC (Стандарден режим) на вашиот мобилен уред.
3. Ставете го вашиот мобилен уред врз телевизорот каде што е поставена ознаката NFC.
4. Следете ги инструкциите на екраните на телевизорот и вашиот мобилен уред за да завршите со
поставувањето.
5. Кога ќе го поврзете вашиот мобилен уред со телевизорот, музиката што се репродуцира на
мобилниот уред автоматски ќе почне да се репродуцира преку телевизорот. Ако во моментот не
репродуцирате музика на мобилниот уред, тогаш изберете медиумска содржина во мобилниот уред.
– Кога телевизорот е поврзан на интернет, Ambient Mode се активира автоматски, а потоа се
репродуцира избраната медиумска содржина.
6. Избраната медиумска содржина ќе се репродуцира преку звучникот на телевизорот.
• Ако функцијата NFC on TV не функционира правилно, тогаш повторете ги чекорите погоре.
• Откако ќе се воспостави врската, допирајте го мобилниот уред врз ознаката NFC на вашиот телевизор
сè додека не забележите реакција кај мобилниот уред и телевизорот (може да бидат потребни
неколку секунди).
• Функцијата NFC on TV може да не биде поддржана во зависност од вашиот мобилен уред. Разгледајте го
упатството за користење на вашиот мобилен уред за да дознаете дали тој ја поддржува функцијата NFC.
• За да ја дознаете точната локација на NFC-читачот во вашиот мобилен уред, прочитајте го
прирачникот за користење на вашиот мобилен уред.
• Оваа функција е достапна само кај мобилни уреди со NFC и инсталиран Android 4.1 или понова верзија.
Македонски - 9

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents