01 Фрижидер / Одмор (3 сек.)
Fridge (Фрижидер)
Vacation (Одмор)
Untitled-18 41
За да ја приспособите температурата на фрижидерот, притиснете на Fridge
(Фрижидер) за да ја изберете соодветната температура.
Може да ја менувате температурата помеѓу 1 °C и 7 °C (стандардно: 3 °C).
Засилено ладење (Тип 1)
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на
вентилаторот. Фрижидерот ќе продолжи да работи со максимална брзина во траење
од два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната температура.
•
За да активирате Засилено ладење, изберете температура од 1 °C, а потоа
притиснете Fridge (Фрижидер) за да изберете Засилено ладење. Соодветниот
индикатор ( ) ќе се вклучи, а фрижидерот ќе го забрза процесот на ладење.
•
За да ја деактивирате функцијата Засилено ладење, повторно притиснете го
копчето Fridge (Фрижидер). Потоа температурата на фрижидерот ќе се врати на
7 °C.
ЗАБЕЛЕШКА
Со користење на Засилено ладење се зголемува потрошувачката на енергија. Не
заборавајте да ја исклучите функцијата и да ја вратите претходната температура ако
немате намера да ја користите.
Ако заминувате на одмор или на службено патување или немате намера да го
користите фрижидерот подолг период, користете го режимот Одмор.
•
За да го активирате режимот Одмор, притиснете и задржете Fridge (Фрижидер)
во траење од 3 секунди. Индикаторот Вклучен режим за одмор ( ) ќе се вклучи,
а приказот на температурите на фрижидерот ќе се исклучи. Температурата на
фрижидерот ќе биде контролирана под 17 °C, но замрзнувачот останува активен
како што е претходно нагоден.
•
За да го деактивирате режимот Одмор, повторно притиснете и задржете Fridge
(Фрижидер) во траење од 3 секунди. Температурата на фрижидерот ќе се врати
на претходно поставената вредност.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Не заборавајте да ја отстраните храната од фрижидерот пред да започнете да го
користите режимот Одмор.
•
Режимот Одмор ќе се исклучи доколку ја прилагодите температурата.
Македонски 41
2017-11-23
3:59:38