Безбедносни информации
• Цврсто вметнете ја приклучницата во ѕидниот приклучок. Не
употребувајте оштетена приклучница, оштетен кабел или
лабав ѕиден приклучок.
- Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
• Ако струјниот кабел е оштетен, веднаш повикајте ги
производителот или еден од претставниците на сервисниот
центар да го заменат.
• Осигурувачот на фрижидерот мора да го заменат
квалификуван техничар или сервисна компанија.
- Во спротивно, може да дојде до струен удар или телесна
повреда.
• Овој уред е модел за вградување за кој е потребна посебна
вентилација. За да спречите опасност од експлозија, не
заборавајте да обезбедите доволно простор за вентилација.
• При позиционирање на уредот, внимавајте да не го
приклештите или оштетите кабелот.
• Не ставајте продолжителни кабли со повеќе приклучоци или
преносливи уреди за напојување зад уредот.
Опомени при инсталација
ВНИМАНИЕ
• Оставете доволно простор околу фрижидерот и инсталирајте
го на рамна површина.
- Не дозволувајте да се затнат отворите за вентилација во
оградениот дел на уредот или во монтажната конструкција.
• Оставете го уредот да стои 2 часа пред да ставате храна по
инсталацијата и вклучувањето.
10
Македонски
Untitled-18 10
2017-11-23
3:59:34