Bosch GBM 13-2 RE Original Instructions Manual page 141

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-2291-005.book Page 141 Tuesday, April 17, 2018 3:39 PM
Демонтажа на брзозатегачката глава/брзозатегачката
глава со сигурносен прстен
За да ја демонтирате брзозатегачката глава 1 и
брзозатегачката глава со сигурносен прстен ставете еден
клуч со внатрешна шестаголна глава во брзозатегачката
глава и ставете еден вилушкаст клуч 17 (ШК 17) на
површината на клучот на погонското вратило. Поставете
го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на
работна клупа. Држете го цврсто вилушкастиот клуч 17 и
олабавете ја брзозатегачката глава со вртење на клучот со
внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Доколку брзозатегачката глава е
јако прицврстена, ќе ја олабавите со лесен удар на долгото
вретено на клучот со внатрешна шестаголна глава .
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегачката глава и целосно одвртете ја истата.
Монтирање на главата за дупчење
Монтажата на брзозатегачката глава/брзозатегачката
глава со сигурносен прстен ќе ја извршите по обратен
редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 50–55 Nm.
Со брзозатегачка/запчеста глава:
Завртете ја сигурносната завртка 16 во правец спротивен
на стрелките на часовникот во отворената брзозатегачка/
запчеста глава. Секогаш користете нов сигурносен шраф,
бидејќи на неговиот навој има нанесено сигурносна
леплива маса, која при повеќекратна употреба не делува
повеќе.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на електричниот
апарат. Доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување 6 е притиснат ова не е возможно.
Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 7 на десно до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 7 на лево до крај.
Механички избор на брзини
 Прекинувачот за избор на брзина 8 може да го
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот апарат. Сепак тој не смее да се
активира при полно оптоварување или максимален
број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини 8 може да изберете 2
обеми на брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на
дупчење или за зашрафување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини 8 не може да
се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со
дупчалката.
Бирање на бројот на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 5 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто
треба да се обработи и дијаметарот на алатот. Одредете ја
оптималната поставка со практичен обид.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 6 притиснете го копчето за
фиксирање 4.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 4, кратко
Македонски | 141
1 609 92A 4SD | (17.4.18)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents