Bosch 06019A2101 Original Instructions Manual page 197

Hide thumbs Also See for 06019A2101:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-1208-005.book Page 197 Monday, June 20, 2016 1:31 PM
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во
ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не
употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен
апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори,
шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето
тело е заземјено.
 Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на
вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат,
за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го
кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните
компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само
продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од
електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се
избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на
заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат.
Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на
дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на
електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на
заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен
шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот
апарат, го намалува ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е
исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја
и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот
додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го
вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на
уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и
постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате
електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Bosch Power Tools
Македонски | 197
Македонски | 197
1 609 92A 3A7 | (20.6.16)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gsr mx2drive

Table of Contents