Makita 5604R Instruction Manual page 33

Hide thumbs Also See for 5604R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ЦИРКУЛАРНАТА ПИЛА
Процедури за сечење
1.
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку
од местото кадешто се сече и од сечилото.
Држете ја другата рака на помошната дршка
или на куќиштето на моторот. Ако пилата се
држи со двете раце, не може да бидат исечени
од сечилото.
2.
Не посегнувајте под работниот материјал.
Заштитникот не може да ве заштити од
сечилото под работниот материјал.
Прилагодете ја дебелината на засекот
3.
со дебелината на работниот материјал.
Помалку од еден цел заб од забите на сечилото
треба да е видлив под работниот материјал.
4.
Никогаш не држете парче што се сече во
рацете или долж ногата. Прицврстете го
работниот материјал на стабилна површина.
Важно е правилно да се поддржува работата
за сведување на минимум на изложеноста
на телото, лепење на сечилото или губење
контрола.
Т
а
а
а а
а а а
а а
а
Држете го алатот само за изолираните
5.
држачи кога вршите работи кога додатокот
за сечење може да дојде во допир со
скриени жици или сопствениот кабел.
Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
6.
Кога вршите отсекување, секогаш користете
ја заштитната пречка или водилка со рамен
раб. Со тоа ќе се подобри прецизноста на
сечењето и ќе се намали шансата за лепење на
сечилото.
7.
Секогаш користете сечила со правилна
големина и облик (дијамантски наспроти
кружни) на дупчињата за прицврстување.
Сечилата кои не се совпаѓаат со монтажниот
хардвер на пилата ќе работат ексцентрично,
предизвикувајќи губење контрола.
Никогаш не користете оштетени, или
8.
неправилни подлошки и завртки за
сечилото. Подлошките и завртката за сечилото
се специјално дизајнирани за вашата пила, за
оптимална изведба и безбедност при работата.
а
а
а а а
а а
а
а а
).
Предизвикување повратен удар и придружни
предупредувања
повратен удар е ненадејна реакција
на сечилото на пилата заради негово
заглавување, фиксирање или неправилно
порамнување што предизвикува пилата
неконтролирано да се подигне нагоре и вон
работниот материјал кон операторот;
кога сечилото е заглавено или прекумерно
фиксирано со затворајќи го засекот, сечилото
запира и реакцијата на моторот го враќа уредот
брзо наназад кон операторот;
ако сечилото се извитка или е погрешно
порамнето во засекот, забите на задниот раб
на сечилото може да се вкопаат во горната
површина на дрвото предизвикувајќи сечилото
да се подигне над засекот и да отскокне назад
кон операторот.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни претпазни мерки, како што е наведено
подолу.
9.
Држете го алатот цврсто со двете раце
на пилата и поставете ги рацете такашто
да даваат отпор на силата на повратните
удари. Поставете го телото од која било
од страните на сечилото, но не во линија
со сечилото. Пилата може да отскокне
наназад заради повратниот удар, но силата
на повратните удари може да се контролира
од страна на операторот, ако се преземени
соодветни претпазни мерки.
10. Кога сечилото ќе се заглави, или кога се
прекинува сечењето заради каква било
причина, отпуштете го прекинувачот за
активирање и оставете ја пилата без
,
да ја движите во работниот материјал
додека сечилото не застане целосно. Не
обидувајте се да ја извадите пилата од
резот или да ја повлекувате наназад додека
пилата се движи, инаку може да дојде до
повратен удар. Испитајте и преземете мерки
за отстранување на причините за лепење на
тркалото.
11.
Кога ја рестартирате пилата во работниот
материјал, поставете го сечилото на пилата
во засекот и осигурете се дека забите на
пилата не се допираат со материјалот. Ако
доаѓа до лепење на сечилото на пилата, може
да се придвижи нагоре или да предизвика
повратен удар од работниот материјал додека
пилата се рестартира.
12. Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите
ризикот од заглавување на сечилото и
повратен удар. Големи парчиња материјал
обично се виткаат од сопствената тежина.
Прицврстувачите мора да бидат поставени
под плочата од обете страни, во близина на
линијата на сечење и во близина на работ на
плочата.
33 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents