Bosch Professional GDB 350 WE Original Instructions Manual page 202

Hide thumbs Also See for Professional GDB 350 WE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
202 | Македонски
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на сталакот за дупчење
Рачка за носење
Пред првата употреба завртете ја рачката за носење (11)
на сталакот за дупчење со завртките (12) на столбот за
дупчење. Притоа поставете го капакот на рачката за
носење на тој начин што ќе се вклопи рамно со столбот за
дупчење.
Вртлив крст
Завртете ги трите прачки за држење на вртливиот
крст (15) до крај во средишната главина на вртливиот
крст.
Вртливиот крст (15) служи како рачка за поместување за
време на дупчењето и за олабавување одн. затегнување
на завртки на сталакот за дупчалка.
При дупчење свртете го вртливиот крст о потреба налево
или надесно до крај на запченикот за поместување (26).
За да го извадите вртливиот крст, силно извлечете го.
Блокада на поместувањето со сопирачка за
фиксирање
Пред да започнете со работа на сталакот за дупчење,
блокирајте го поместувањето во паузите од работа или
кога не го користите сталакот. За таа цел, завртете ја
сопирачката за фиксирање (16).
При дупчење, олабавете ја сопирачката за
фиксирање (16) додека вртливиот крст (15) не може
малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот
крст, за да спречите неконтролирано излизгување на
електричниот алат.
1 609 92A 4NK | (21.01.2021)
Монтирање на рачката за носење на
електричниот алат
Пред првата употреба затегнете ја рачката за носење  (9)
со завртките (10) на електричниот алат.
Вметнување на електричниот алат
(види слики A−B)
Внимавајте сопирачката за фиксирање (16) да е
затегната.
Прифатот на алатот (27) има отвор на десната страна.
При вметнувањето на адаптерот на машината (25) на
електричниот алат внимавајте на тоа клунот на адаптерот
на машината да налегне десно како што е прикажано на
сликата B.
Поставете го адаптерот за машината (25) на
електричниот алат така што перата за
прилагодување (24) на адаптерот за машината ќе се
вклопат во соодветните жлебови на електричниот алат.
Вметнете ги четирите завртки (23) на дистанционата
плоча и затегнете ги со клуч со внатрешна шестоаголна
глава (ширина на клучот 6 mm).
Олабавете ги ексцентричните болцни (14) со вртливиот
крст (15) и извлечете ги целосно од прифатот на
уредот (27). Закачете го електричниот алат со адаптерот
за машина (25) во прифатот на уредот така што долниот
клун на адаптерот на машината ќе лежи зад долната
болцна на прифатот на уредот ➊.
Склопете го електричниот алат во прифатот за уред ➋ и
повторно вметнете ги ексцентричните болцни (14).
Затегнете ги ексцентричните болцни со вртливиот
крст (15).
Поместете го вртливиот крст (15), во зависност од
процесот на дупчење налево или надесно на запченикот
за поместување (26).
Проверете дали електричниот алат е добро
u
прицврстен во прифатот за уредот.
За да го извадите електричниот алат од сталакот за
дупчење постапете по обратен редослед.
Дистанциона плоча за дијаметар на дупчење
300−350 mm (види слика C)
За дупки од 300 mm до максимум 350 mm дијаметар,
дополнително мора да се вметне дистанционата
плоча (29) (опрема).
За таа цел поставете го адаптерот на машината (25) на
дистанционата плоча (29), така што перата за
прилагодување (24) на адаптерот на машината ќе се
вклопат во соодветните жлебови на дистанционата плоча.
За таа цел поставете го адаптерот на машината (29)
вклучително и дистанционата плоча (25) на електричниот
алат, така што перата за прилагодување (31) на
дистанционата плоча ќе се вклопат во соодветните
жлебови на електричниот алат. Поставете ги четирите
завртки (30) на дистанционата плоча и затегнете ги со
клуч со внатрешна шестоаголна глава (ширина на клучот
6 mm).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gcr 350Gdb 350 we

Table of Contents