Компатибилност; Нарачување Додатоци - Philips AVENT SCF396 User Manual

Single/double electric breast pump premium
Hide thumbs Also See for AVENT SCF396:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
капачето во микробрановата печка. Секогаш мешајте го загреаното мајчино млеко
за да се обезбеди рамномерна распределба на топлината и проверувајте ја
температурата пред да ја послужите храната.
Одбирање правилна цуцла за вашето бебе
Цуцлите Philips Avent Natural се јасно нумерирани од страната за да се означи стапката на
проток. За повеќе детали, погледнете на www.philips.com/avent.
Складирање на шишињата
- Складирајте ги сите делови во сув, чист и покриен сад.
- Немојте да оставате цуцла за хранење на директна сончева светлина или топлина и не ја
оставајте во средство за дезинфекција („раствор за стерилизација") подолго од
препорачаното затоа што ова може да ги ослабе деловите.
- Од хигиенски причини, препорачуваме да се заменуваат цуцлите по 3 месеци.
Компатибилност
Единечната/двојната електрична пумпа за измолзување Premium од Philips Avent е
компатибилна со сите шишиња за бебиња од палетата Philips Avent Natural и чашите за чување
мајчино млеко Philips Avent со адаптер. Не препорачуваме користење на шишињата Philips
Avent Natural Glass со пумпата за измолзување.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories
или кај дистрибутер на Philips. Исто така можете да се јавите во центарот за грижа на
корисници на Philips во вашата земја.
Кога нарачувате резервни цуцли, осигурете се дека користите цуцла со правилна стапка на
проток за вашето бебе (видете 'Одбирање правилна цуцла за вашето бебе') и немојте да ги
мешате деловите од шишињата и цуцлите на Philips Avent Anti-colic со делови од шишињата
Philips Avent Natural. Тие не одговараат и можат да предизвикаат протекување или други
проблеми.
Цуцлите Philips Avent Natural се достапни со различни стапки на проток.
Пумпата за измолзување доаѓа со цуцла број 1. Ова е цуцла за 0m+,
идеална за новороденче и за доенчиња од сите возрасти.
Користете помала стапка на проток ако вашето бебе често се дави, ако
му тече млеко од устата за време на хранењето или ако има проблеми со
прилагодувањето на брзината на пиење. Доколку вашето бебе заспива
за време на хранењето, почнува да се нервира или ако хранењето трае
многу долго, користете цуцла со поголем проток.
Македонски
197

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Avent scf398

Table of Contents