Download Print this page

Braun Silk-epil 7 Manual page 32

Hide thumbs Also See for Silk-epil 7:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Mакедонски
Ве молиме внимателно прочитајте ги
инструкциите пред употреба на произво-
дот и чувајте ги за во иднина.
Braun Silk·épil 7 Dual Epilator е дизајниран
да Ви овозможи долготрајно нежна кожа во
еден потег, благодарение на неговата
двојна технологија. Најпрво, нежно ги епи-
лира влакната од коренот, а потоа интегри-
раното сечило ја измазнува кожата.
Важно
• Поради хигиенски причини, не го
делете овој апарат со други лица.
• Овој апарат е опремен со посебен
кабел заедно со ниско волтажен
напојувач за струја. Не разменувајте
или манипулирајте со било кој дел од
него. Во спротивно, постои ризик од
електричен удар. За електричните
спецификации, Ве молиме видете го
натписот на специјалниот кабел.
Специјалниот кабел автоматски се
прилагодува на било кое напојување
во светот.
Овој апарат е погоден за
користење во бања или туш.
Од безбедносни причини, може
да се користи само без кабелот.
• Деца над 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или психички способ-
ности или лица кои немаат доволно
искуство или знаење, може да го
користат апаратот само под надзор и
ако им се објасни како безбедно да го
користат и им е објаснета потенцијалната
опасност. Не е дозволено деца да
играат со апаратот. Деца над 8 години
може да го чистат или одружаваат
апаратот само кога се под надзор.
• Додека е вклучен, апаратот не смее да
биде во контакт со косата на главата,
трепките, прамени и сл. за да се
спречи било каква опасност од повреди
32
и блокирање или оштетување на
апаратот.
• Никогаш не ја употребувајте главата на
епилаторот без капаче.
• Бидете внимателни кога го употребу-
вате делот за измазнување (2) над
коскените области како зглобовите.
Интегрираното сечило е многу остро и
може да предизвика повреда.
Општи информации
Сите методи за отстранување на влакната
од корен може да доведат до иритации
на кожата (на пр. чешање, непријатност
и црвенило) во зависност од состојбата
на кожата и влакната. Ова е нормална
реакција и треба брзо да исчезне, но
може да биде посилна кога ги отстрану-
вате влакната првите неколку пати или
имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште
покажува иритација, советуваме да го
контактирате Вашиот лекар. Главно, реа-
кцијата на кожата и чувствителноста на
болка можат значително да се намалат со
повторување на употребата на Silk·épil.
Во некои случаи може да се појави
воспаление на кожата доколку во неа
навлезат бактерии ( пр. кога се лизга
апаратот врз кожата). Темелното чистење
на главата на епилаторот пред секоја
употреба може да го намали ризикот од
инфекција.
Доколку имате било какви сомнежи во
врска со употребата на овој апарат, Ве
молиме консултирајте се со Вашиот
лекар. Во следниве случаи, овој апарат
треба да се користи по претходна консул-
тација со лекар:
егзема, рани, воспаление на кожата
како фоликулитис (загноени фоликули
на влакната), проширени вени, околу

Advertisement

loading