Подготовка За Монтирање; Мерки За Претпазливост - Carrier 42QZA009DS Series Installation Manual

Console type
Hide thumbs Also See for 42QZA009DS Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1. ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
1.1 МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
онтирањето, вклучувањето и сервисирањето на опремата за климатизирање може да биде опасно поради
М
притисоците на системот, електричните компоненти и локацијата на опремата (покриви, поткачени структури, итн.).
Само обучени, квалификувани монтери и сервисери треба да ја монтираат, вклучуваат и да ја користат оваа опрема.
Кога се работи на опремата треба да се почитуваат мерките на претпазливост дадени во упатствата и на ознаките,
налепниците и етикетите кои се во прилог на опремата.
Следете ги безбедносните норми. Носете заштитни очила и ракавици. Додека лемите, имајте крпа и апарат за гаснење
пожар во близина. Внимателно ракувајте, местете и поставувајте ја гломазната опрема.
Темелно прочитајте ги овие упатства и следете ги сите опомени или предупредувања вклучени во упатствата
и прикачени на единицата. Погледнете ги локалните норми за градба и националниот електричен кодекс за посебни
барања.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој симбол укажува на можноста за повреда на персоналот или губење на животот.
Ладилниот гас е потежок од воздухот и го заменува кислородот. Големо протекување може да доведе
до осиромашување на кислородот, особено во подруми, и може да се случи несреќа со задушување
што води до сериозни повреди или смрт.
Ако клима уредот е монтиран во мала соба, утврдете соодветни мерки за да бидете сигурни дека
концентрацијата на протечен фреон во собата не го надминува критичното ниво.
Ако ладилниот гас истече за време на монтажата, веднаш проветрете ја областа.
Ладилниот гас може да произведе токсичен гас ако дојде во контакт со оган, како на пример од греалка, шпорет
или уред за готвење.
Изложеноста на овој гас може да предизвика сериозна повреда или смрт.
Исклучете го уредот од електричната мрежа пред вршењето на каква било електрична работа.
Поврзете го кабелот за поврзување правилно.
Погрешното поврзување може да резултира со оштетени електрични делови.
Користете ги одредените кабли за електричните врски и цврсто прикачете ги жиците на делот за поврзување
на клемата, така што надворешната сила нема да притиска на терминалот.
Не заборавајте да обезбедите заземјување.
Не заземјувајте ги уредите на цевки за гас, цевки за вода, громобрани или телефонски жици. Некомплетното
заземјување може да предизвика сериозна опасност од електричен удар од што може да дојде до повреда или смрт.
Безбедно отстранете ги во отпад материјалите од пакувањето.
Материјалите за пакување, како што се клинците и други метални или дрвени делови, може да предизвикаат убоди
или други повреди. Распарчете ги и фрлете ги пластичните кеси за пакување за децата да не си играат со нив.
Децата кои си играат со пластични кеси се соочуваат со опасност од задушување.
Не монтирајте го уредот близу до концентрации на запаливи гасови или до испарувања од гас.
Не заборавајте да ги употребите испорачаните или точно утврдените делови за монтажа.
Употребата на други делови може да доведе до олабавување на уредот, протекување вода, струен удар,
пожар или оштетување на опремата.
Кога го инсталирате или преместувате системот, не дозволувајте да влезе воздух или каква било друга
супстанца во колото за ладење, освен утврденото средство за ладење (R410A/R32).
Никогаш не менувајте ја оваа единица со отстранување на кое било од заштитните средства или
прескокнувајќи ги безбедносните прекинувачи за блокирање.
Електричната работа треба да се врши во согласност со упатството за монтажа и националните,
државните и локалните норми за електрично поврзување.
Уверете се дека користите посебно електрично коло. Никогаш не делете го истиот штекер со други апарати.
МК-3

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents