Bosch PBD 40 Original Instructions Manual page 186

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
OBJ_BUCH-1183-007.book Page 186 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
186 | Македонски
– Прицврстете го делот за обработка (види
„Прицврстување на делот што се обработува",
страна 184).
– Поставете го соодветниот број на вртежи (види
„Поставување на број на вртежи", страна 185).
– Вклучете го електричниот апарат.
– За дупчење, свртете го вртливото тркалце 11 со
рамномерен притисок додека не се постигне саканата
длабочина на дупчење (види „Прикажување на
длабочината на дупчење", страна 186).
– Доколку се постигне саканата длабочина на дупчење,
вратете го вртливото тркалце 11 назад, додека не се
врати погонската единица во стартна позиција.
– Исклучете го електричниот апарат.
Прикажување на длабочината на дупчење
(види слика I)
Со помош на екранот 14 може да се прикаже
моменталната длабочина на дупчење.
– По поставување на бројот на вртежи, со помош на
копчето 33 ќе се појави полето на приказ на екранот на
„Depth".
– Поставете ја висината на погонската единица (види
„Поставување на висината на погонската единица",
страна 184).
– Поставете го полека врвот на бургијата на делот што се
обработува.
– Притиснете го копчето 34, за да ја утврдите нулта
точката.
На екранот 14 ќе се појави приказот „Reset".
– Дупчете со рамномерен притисок, додека не се
прикаже саканата длабочина на екранот.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика J)
Со граничникот за длабочина 9 може да ја утврдите
длабочината на дупчење t.
– Олабавете го затезниот лост 8 во правец спротивен на
стрелките од часовникот.
– Направете пробно дупчење. Доколку на екранот се
прикаже 14 саканата длабочина на дупчење t (види
„Прикажување на длабочината на дупчење",
страна 186), повторно прицврстете го затезниот лост
8.
На тој начин, за следните дупчења, длабочината на
дупчење е ограничена на t.
Транспорт
– При транспорт, држете го електричниот апарат за
основната плоча 1.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
1 609 92A 3XK | (30.6.17)
По потреба, исчистете ги столбовите за дупчење 4 со сува
крпа и лесно испрскајте ги со универзалното масло за
подмачкување на Bosch (опрема).
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Поставување на кочницата на погонската единица
(види слика K)
Силата на затегање на погонската единица 12 може
дополнително да се подеси.
Проверете:
– Силата на затегање на кочницата мора да ја држи
цврсто погонската единица во секоја позиција.
Поставување:
– Свртете ја завртката за подесување 35 со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 23
спротивно на стрелките на часовникот, за намалување
на силата на стегата или свртете ги во правец на
стрелките на часовникот, за зголемување на силата на
стегата.
– Проверете дали се постигнала саканата сила на
затегање.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за
електрични и електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се вон употреба мора
одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки
прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents