Vox LED SMART39ST2880 Operating Instructions Manual page 131

Table of Contents

Advertisement

и притиснете го копчето OK. Ќе се прикаже
прелистувачот по медиуми.
ДЛНА поддржка има само во режимот на папка
на прелистувачот по медиуми. За да имате режим
на датотека, одете на табулаторот поставки во
главниот екран на прелистувачот на медиуми и
притиснете OK. Во опциите за поставки, означете
прегледај стил и смени на папка со левото или
десното копче.
Ве молиме, изберете го саканиот тип на медиум и
притиснете OK.
Ако конфигурациите за споделување се поставени
правилно, следната ОСД порака ќе се прикаже
откако ќе го изберете саканиот тип на медиум.
Изберете OK за прикажување на избраната мрежа
или на содржината на УСБ-меморијата. Ако сакате
да го освежите списокот на уреди, притиснете го
ЗЕЛЕНОТО копче. За да се откажете, притиснете
на копчето MENU.
Ако се најдат достапни мрежи, ќе бидат наведени
на овој екран. Изберете го серверот на медиуми или
мрежата со кои сакате да се поврзете, со копчињата
„ " или " " и притиснете го копчето OK.
А к о и зб е р е т е т и п н а м е д и у м в и д е о и
изберете уред од менито за избирање, ќе се
појави нов екран на менито, како овој подолу:
Изберете видео снимки од овој екран за да
ги наведете сите достапни видео датотеки од
избраната мрежа.
За да репродуцирате други типови на медиуми
од овој екран, морате да се вратите на главниот
екран на прелистувачот на медиуми и да го
изберете саканиот тип на медиуми и потоа
повторно да изберете мрежа. Видете го делот за
репродуцирање на УСБ прелистувачот на медиуми
за понатамошни информации за репродуцирањето
на датотеки.
Датотеките со превод не работат ако го гледате
видеото од мрежата преку ДЛНА.
Можете да поврзете само еден телевизор со ДЛНА
на истата мрежа. Ако се случи проблем со ДЛНА
мрежата, ве молиме, вклучете/исклучете го вашиот
телевизор. ДЛНА функцијата не ги поддржува
режимите „трик" и „скокни".
ВНИМАНИЕ:
Можно е некои персонални компјутери да не
можат да ја користат ДЛНА функцијата поради
административните и безбедносните поставки.
(како на пример, деловни персонални компјутери).
За најдобро домашно мрежно репродуцирање
во реално време со оваа поставка, треба да се
инсталира дадениот софтвер Nero.
Интернет портал
Можете да пристапите до режимот ПОРТАЛ со
вашиот ТВ-уред. За да го направите ова, ви треба
активна интернет врска. Следете ги чекорите за
поврзување на мрежа преку кабел/безжична во
делот „Мрежа" за да го поврзете ТВ-уредот со
интернет. Откако ќе се воспостави врска, можете
да изберете или да ги гледате опциите на порталот.
Забелешка: За висококвалитетно гледање
потребна е широкопојасна интернет врска.
Проверете дали интеренет врската е воспоставена
правилно. Морате да ги поставите податоците
за земјата и за јазикот правилно во првото
инсталирање за правилно да работи интернет
порталот.
Македонски - 130 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents