Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 316

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
316 | Македонски
Објаснување на поимите
Инфрацрвено топлинско зрачење
Инфрацрвеното топлинско зрачење претставува
електромагнетско зрачење коешто се испраќа од секое
тело. Количината на зрачењето зависи од температурата и
степенот на емисија на телото.
Степен на емисија
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво
инфрацрвено топлинско зрачење оддава објектот во
споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен
на емисија =1).
Топлински мостови
Како топлински мост се означува оној објект кој несакано
спроведува топлина кон надвор или кон внатре и со тоа
значително се разликува останатата одн. саканата
температура на еден ѕид.
Бидејќи температурата на површината на топлинските
мостови е пониска отколку во останатиот простор, на овие
места значително се зголемува опасноста од создавање
на мувла.
Релативна влажност на воздухот
Релативната влажност на воздухот наведува колку е
заситен воздухот со водена пареа. Податокот е даден како
процент од максималната количина на водена пареа
којашто може да ја прифати воздухот. Максималната
количина на водена пареа зависи од температурата: колку
е повисока температурата, толку повеќе водена пареа
може да прифати воздухот.
Доколку релативната влажност на воздухот е превисока,
се зголемува опасноста од создавање мувла. Прениската
влажност на воздухот може да доведе со здравствени
потешкотии.
Температура на точката на росење
Температурата на точката на росење наведува на која
температура започнува да кондензира водената пареа
содржана во воздухот. Температурата на точката на
росење зависи од релативната влажност на воздухот и
температурата на воздухот.
Доколку температурата на една површина е пониска од
температурата на точката на росење, тогаш водата
почнува да кондензира на оваа површина. Кондензацијата
е појака доколку е поголема разликата на двете
температури и доколку е повисока релативната влажност
на воздухот.
Кондензираната вода на површините е главна причина за
создавање на мувла.
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
соодветна кутија како што е оригиналното пакување одн.
заштитната чанта (опрема). Не го чувајте на пр. во
пластично кесе, бидејќи испарувањата може да го оштетат
сензорот за влажност на воздухот и околна температура 5.
Не лепете налепници во близина на сензорот на мерниот
уред.
Не го складирајте мерниот уред подолг период надвор од
границите на влажност на воздухот од 30 до 50 %. Доколку
мерниот уред се складира на превлажно или пресуво
место, може да доведе до погрешни мерења.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
При чистењето во мерниот уред не смее да навлезе
течност.
Особено претпазливо исчистете ги сензорот за влажност
на воздухот и околната температура 5, камерата 22,
приемната леќа 23, светлата 24 и излезните отвори на
ласерот 2:
Внимавајте да нема влакненца на камерата, приемната
леќа или излезните отвори на ласерот. Камерата,
приемната леќа и излезните отвори на ласерот чистете ги
само со средства коишто се погодни за леќи од
фотоапарати. Не се обидувајте да ја извадите
нечистотијата од сензорот, камерата или приемната леќа
со остри предмети и не ги бришете камерата и приемната
леќа (опасност од гребнатини).
Во случај на поправка пратете го мерниот уред во
оригиналното пакување или заштитната чанта (опрема).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents