Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 309

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
Јачината на осветлувањето на екранот, при фабричка
поставка од 30 s, ќе се намалува по секое притискање на
копчето заради заштеда на енергија. При притискање на
некое од копчињата, осветлувањето на екранот ќе се
вклучи со полна јачина. Во менито „Времетр.на свет."
можете да го промените ова време на осветлување (види
„Времетр.на свет.", страна 315).
За исклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување-исклучување . Мерниот уред го зачувува
моменталниот режим на работа како и поставките и потоа
се исклучува. Повторно поставете го заштитното капаче
21 на приемната леќа 23 и заштитното капаче 19 на
сензорот за влажност на воздухот и околната
температура 5.
Не го исклучувајте мерниот уред со вадење на
акумулаторот одн. батерискиот адаптер, бидејќи може да
се оштети внатрешната меморија.
Во менито „Време на исклуч." можете да поставите дали
и по колкав временски интервал автоматски ќе се исклучи
мерниот уред без притискање на копчиња/мерење (види
„Време на исклуч.", страна 315). И при автоматско
исклучување ќе се зачуваат моменталниот режим на
работа како и поставките.
Доколку акумулаторот одн. мерниот уред се наоѓа надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува по
кратко предупредување (види „Дефект – Причини и
помош", страна 315). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред
само доколку го користите.
Подесување на степенот за зумирање
Исечокот на сликата на екранот може да се прикаже за
тековните мерења како и при „плејбек" пуштање на
зачувани кадри од екранот во три различни степени на
зумирање: 0,5 m, 2 m и 5 m.
Степените за зголемување се оптимирани за соодветното
растојание помеѓу мерниот уред и мерниот објект: При
измерено растојание од 2 m степенот на зумирање „2 m"
го репродуцира (типично) најдобриот исечок на сликата.
Моменталниот степен на зумирање ќе се појави на
приказот e. За зголемување на степенот на зумирање
притиснете на копчето со стрелка нагоре 16, а за
намалување на копчето со стрелка надолу 13.
Осветлување на мерната површина
При мерење во темни подрачја можете да ги вклучите
светлата 24, за да го подобрите приказот на содржината на
екранот. Ова може да Ви помогне да постигнете подобар
резултат при зачувување на кадри од екранот.
За вклучување одн. исклучување на светлата 24
притиснете на копчето 14.
Светлата ќе се изгасат автоматски заради заштеда на
енергија, доколку се намали јачината на осветлувањето на
екранот. Во менито „Времетр.на светл." можете да го
промените ова време на осветлување (види „Времетр.на
свет.", страна 315). При повторно вклучување на
Bosch Power Tools
осветлувањето на екранот, светлата нема да се вклучат
автоматски.
Доколку состојбата на наполнетост на акумулаторот се
наоѓа во критични граници, светлата не стојат на
располагање поради заштеда на енергија.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
За одредување на температурата на површината, ќе се
измери бесконтактно природното инфрацрвено
топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За
прецизни мерења, степенот на емисија којшто е поставен
на мерниот уред (види „Степен на емисија", страна 316)
мора да се провери пред секое мерење и доколку е
потребно да се прилагоди на мерниот објект.
За да го промените поставениот степен на емисија,
повикајте го „Главн.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 314).
– За најчестите материјали на располагање имате
зачувани степени на емисија. Во точката од менито
„Материјал" изберете го соодветниот материјал.
Соодветниот степен на емисија  ќе биде прикажан во
редот подолу.
– Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на
Вашиот мерен објект, истиот можете да го подесите
како бројна вредност во точката од менито „Степен на
емисија".
Информирајте се за степенот на емисија на Вашиот
материјал. Покрај материјалите зачувани во мерниот
уред, ќе пронајдете уште неколку во следната табела.
Материјал
Алуминиум, полиран
Алуминиум, оксидиран
Месинг
Месинг, оксидиран
Железо, полирано
Железо, за'рѓано
Железо, поцинкувано
Хром, полиран
Кровна лепенка
Стакло
 Прецизни прикази на температурата на површините
се можни, доколку степенот на емисија и степенот
на емисија на објектот се совпаѓаат. Точните
напомени за топлинските мостови и опасноста од
создавање на мувла зависат исто така од поставениот
степен на емисија.
Доколку се мерат повеќе мерни објекти од различен
материјал одн. различна структура за време на еден
процес на мерење, тогаш приказот на температура на
површината е обврзувачки само кај објектите коишто се
соодветни на поставениот степен на емисија.
Македонски | 309
Степен на емисија
0,04
0,25
0,04
0,61
0,20
0,65
0,25
0,07
0,90
0,88
1 609 92A 0XP | (17/4/15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents