Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 305

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Внимание! При користењето на мерниот уред со
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може сосема да се исклучат штетните влијанија
на луѓето и животните во непосредната околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина
на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот
уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на
телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch GmbH.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за бесконтактно мерење на
површинска температура, амбиентална температура и
релативна влажност на воздухот. Тој ја пресметува точката
на росење и укажува на топлинските мостови и опасноста
од појава на мувла. Со мерниот уред не може да се
детектираат спори на мувла. Меѓутоа може да помогне
навреме да се откријат условите во кои може да се
создадат спори на мувла.
Мерниот уред не смее да се користи за мерење на
температурата кај лица и животни или за други
медицински цели.
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на
гасови. Мерењето на температура на течности е возможно
исклучиво со помош на обичен термоелемент (тип на
приклучок K), кој може да се приклучи преку
предвидениот интерфејс 25 на мерниот уред.
Светлото на овој мерен уред е наменето за осветлување
на директното работно поле на мерниот уред за
регистрирање на сликите. Тоа не е наменето за
осветлување на просториите во домаќинството.
Ласерските точки не смеат да се користат како ласерски
показател. Тие служат исклучиво за означување на
мерната површина.
Bosch Power Tools
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Поклопец за микро-USB-отвор/приклучок за
термоелемент (тип K)
2 Излезен отвор за ласерскиот зрак
3 Копче за отклучување на акумулатор/батериски
адаптер/поклопец на преградата за батерии
4 Копче Мерење/копче за вклучување
5 Сензор за влажност на воздухот и околната
температура
6 Сериски број
7 Натпис за предупредување на ласерот
8 Микро-USB-кабел
9 Копче Зачувај/испрати преку Bluetooth®
10 Функциско копче десно
11 Копче со стрелка десно
12 Копче за вклучување-исклучување
13 Копче со стрелка надолу/намалување на степенот на
зумирање
14 Светла за копчето за вклучување-исклучување
15 Копче со стрелка лево
16 Копче со стрелка нагоре/зголемување на степенот на
зумирање
17 Функциско копче лево
18 Екран
19 Заштитно капаче за сензорот за влажност во воздухот
и околната температура
20 Држач за врвката
21 Заштитно капаче за приемната леќа за инфрацрвена
светлина
22 Камера
23 Приемна леќа за инфрацрвено зрачење
24 Светла
25 Тип-K-приклучок за термоелементот
26 Микро-USB-приклучок
27 Обвивка за батерискиот адаптер
28 Капаче за затворање на батерискиот адаптер
29 Преграда за батеријата
30 Батерија*
31 Поклопец на преградата за батеријата
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Македонски | 305
1 609 92A 0XP | (17/4/15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents