Philips LatteGo 2300 Series User Manual page 562

Fully automatic espresso machine
Hide thumbs Also See for LatteGo 2300 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
13 Почекајте додека машината не престане да распрскува вода. Постапката за отстранување бигор е
завршена кога машината ќе престане да распрскува вода.
14 Сега машината повторно ќе се загрее. Кога светлата на иконите за пијалаци светат постојано,
машината повторно е подготвена за употреба.
15 Монтирајте нов филтер за вода AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го (видете
'Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)').
-
Кога ќе заврши постапката за отстранување бигор, светлото за AquaClean трепка некое време
за да ве потсети да монтирате нов филтер за вода AquaClean.
Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор!
Што треба да направите ако постапката за чистење бигор
се прекине
Може да излезете од постапката за чистење бигор со притискање на копчето за
вклучување/исклучување на контролната табла. Ако постапката за чистење бигор се прекине пред да
заврши целосно, направете го следново:
1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно.
2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото Calc / Clean и повторно вклучете ја
машината. Машината ќе се загрее и ќе го изведе автоматскиот циклус на плакнење.
3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на
плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода со повторливо допирање на иконата за
врела вода, а потоа сварете 2 филџани претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе.
Ако постапката за чистење бигор не завршила, ќе биде потребно да се изврши друга постапка за
чистење бигор што е можно поскоро.
Нарачување додатоци
За чистење на машината и бигорот, користете само производи за одржување на Philips. Овие
производи може да се купат од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри
или онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories. За да го најдете целосниот список со
резервни делови онлајн, внесете го бројот на моделот на вашата машина. Бројот на моделот може да
го најдете од внатрешната страна на сервисната врата.
Производи за одржување и број на типови:
-
Раствор за отстранување бигор CA6700
-
Филтер за вода AquaClean CA6903
-
Маст за групата за варење HD5061
-
Таблети за отстранување масло од кафе CA6704
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. За поддршка,
преземете ја апликацијата Coffee+ преку вашата продавница за апликации или преку скенирање на
QR-кодот на корицата од оваа брошура. Видеата за поддршка и целосниот список со често
поставуваните прашања се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите
проблемот, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава.
Македонски
561

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents