Makita DDG461Z Instruction Manual page 49

Cordless earth auger
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ограничувач на вртежите
Ограничувачот на вртежите ќе се активира кога ќе се
постигне определено ниво на вртење при поставката
за ниска брзина (положба 1). Моторот ќе се раздвои
од основата за излезниот материјал. Кога ова ќе се
случи, бургијата ќе престане да се движи.
За да повторно го стартувате алатот, подигнете ја
бургијата од дупката, а потоа повторно повлечете го
прекинувачот за стартување.
Функција за спречување случајно
рестартирање
Функција за блокирање на прекинувачот за
стартување за да се спречи несакана работа. Алатот
нема да почне да работи ако го притиснете копчето
за главното напојување додека го повлекувате
прекинувачот за стартување.
За да го престартувате алатот, отпуштете го
прекинувачот за стартување и потоа повторно
повлечете го.
Електронска функција
Алатот е опремен со следниве електронски функции
за лесно работење.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да прекине да
функционира по отпуштање на прекинувачот за
стартување, алатот треба да се однесе на сервис во
сервисен центар на Makita.
Одлика за меко стартување
Оваа функција овозможува лесно стартување на
алатот со ограничување на стартниот вртежен
момент.
Отвор за ленти
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
отворот за ленти за ниедна друга намена
освен за закачување на алатот или заштита од
кражба на алатот. Во спротивно, може да дојде
до телесна повреда.
► Сл.12: 1. Отвор за ленти
Не користете го
49 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.13: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Монтирање на спиралната бургија
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе ја прикачувате
спиралната бургија на вретеното, осигурете се
дека спиралната игла е блокирана и проверете
дали има какви било оштетувања.
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите алатот,
отстранете ја спиралната бургија од него.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ddg461

Table of Contents