Што Има Во Пакетот; Почетно Поставување; Користење На Тв-Контролор - Samsung QE43LS05BAUXXH User Manual

Hide thumbs Also See for QE43LS05BAUXXH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
01 Што има во пакетот?
Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот
телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете
се до вашиот продавач.
• Далечинска контрола на Samsung Smart
• Прирачник за користење
• Адаптер за CI картичка
• Картичка за гаранција / водич со регулативи (не е
достапен во некои локации)
• Кабел за напојување на телевизорот
• Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во
зависност од моделите.
• Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат
одделно.
• Проверете дали има скриена галантерија зад или во
пакувањето кога ќе ја отворите кутијата.
Предупредување: Екраните може
да се оштетат од директен притисок,
при неправилно ракување со нив. Ви
препорачуваме да го подигнете телевизорот за
рабовите, како што е прикажано.
Не го
допирајте овој
екран!
02 Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој
веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете
ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и
конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според
опкружувањето во кое го користите.
Можете да го поврзете The Sero преку апликацијата
SmartThings на мобилниот уред за да ги контролирате Режим
на портрет и сродните функции на телевизорот.
Користење на ТВ-контролор
Со копчето ТВ-контролор горе на задната плоча, можете
да го вклучите The Sero. Ако копчето се притисне повторно
при вклучено напојување, можете да ги видите менијата со
функциите на екранот. Користењето на менијата е прикажано
на следната илустрација.
• Извадете ја заштитната фолија што е врз логото на
SAMSUNG. Чувствителноста на приемот може да се
намали кога сензорот е блокиран.
<Режим на портрет>
Мени за контрола
Еко сензор / Прекинувач за микрофон / Сензор за
далечинското
Како да го вклучите и исклучите микрофонот
Иск
Вклучено
Микрофонот може да се вклучи или исклучи со помош
на прекинувачот што е поставен на долната страна на
телевизорот. Ако микрофонот е исклучен, сите функции
за говор и звук што го користат микрофонот нема да бидат
достапни.
• Положбата и формата на прекинувачот за микрофонот
може да бидат различни во зависност од моделот.
• Податоците од микрофонот што се користат за анализа не
се зачувуваат.
Копче ТВ-контролор
<Пејзажен режим>
Македонски - 5

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents