Bosch Professional GSS 160-1 A Original Instructions Manual page 119

Hide thumbs Also See for Professional GSS 160-1 A:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-2247-003.book Page 119 Tuesday, September 27, 2016 3:54 PM
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Монтирање на основна плоча
(GSS 160-1 A Multi) (види слика A)
Целосно одвртете ги 4-те завртки 8. Поставете ја
соодветната основна плоча и повторно затегнете ги
завртките.
Менување на основната брусна плоча
(види слика A)
Основната брусна плоча 6 може да се замени по потреба.
Целосно одвртете ги 4-те завртки 8 и извадете ја брусната
плоча 6. Поставете ја новата брусна плоча 6 и повторно
затегнете ги завртките.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусната плоча 6, на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со велкро лепенка (види слика B)
Доколку брусната плоча 6 е опремена со велкро лепенка,
со тоа можете брзо и едноставно да ги прицврстите
брусните листови.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча
6 пред да ја наместите на брусниот лист 9, за да
овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 9 ставете го израмнето на едната страна од
основната брусна плоча 6, поставете го брусниот лист на
основната брусна плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист 9 фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча 6.
Брусни листови без велкро лепенка (види слики C – E)
 Олабавете го затезниот стремен 11 од механизмот за
фиксирање и навалете го надолу.
 Вметнете го брусниот лист 9 под задниот терминален
блок 10. Внимавајте брусниот лист 9 да не е
прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете
го затезниот стремен 11 назад во излезната позиција
и фиксирајте го таму.
 Поставете го брусниот лист цврсто околу брусната
плоча 6. Прицврстете го предниот дел на брусната
плоча под предниот терминален блок 12. Внимавајте
брусниот лист 9 да не е прекраток и да биде правилно
прицврстен. Навалете го затезниот стремен 11 назад
во излезната позиција и фиксирајте го таму.
Неиздупчените брусни листови, на пр. од материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 13 за вшмукување на прав.
Bosch Power Tools
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика F).
За да го извадите брусниот лист 9 олабавете ги двата
затезни стремени 11 и извлечете го брусниот лист од
неговиот држач.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени
материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/
лакирани слоеви одн. подлоги,
како маса за полнење и шпахтел
маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 368 | (27.9.16)
Македонски | 119
Гранулација
40 – 240
грубо
40, 60
средно 80, 120
фино
180, 240
40 – 240
грубо
40, 60
средно 80, 120
фино
180, 240

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gss 140-1 aProfessional gss 160-1 a multi

Table of Contents