LG GTF925PZPZD Owner's Manual page 369

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ефикасно чување храна
• Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во
затворени садови.
• Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
• Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
• Ставете ја оладената или замрзнатата храна
во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по
купувањето.
• Избегнувајте повторно замрзнување на храна
која е целосно одмрзната. Повторното
замрзнување на каква било храна што е
целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус
и хранлива вредност.
• Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
• Не преполнувајте го апаратот. Наполнете
помалку од 70 % од просторот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
• Изладете ја храната пред да ја ставите во
замрзнувачот. Ако ставите голема количина
топла храна внатре, внатрешната температура
на апаратот може да се зголеми и негативно
да влијае врз другата храна во него.
• Ако подесите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не подесувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на храната.
• Секогаш одржувајте го апаратот чист.
• Ако апаратот има оддели за ладење, не
чувајте зеленчук и овошје со поголема
содржина на влага во нив, бидејќи можат да
замрзнат поради пониската температура.
• Во случај на прекин на електричната енергија,
јавете се во компанијата за електрична
енергија, и прашајте колку време ќе трае
прекинот.
− Избегнувајте отворање на вратата, додека
напојувањето е исклучено.
− Кога напојувањето ќе се врати во нормала,
проверете ја состојбата на храната.
Максимален капацитет на
замрзнување
• Функцијата за експресно замрзнување, ќе го
постави замрзнувачот на неговиот максимален
капацитет на замрзнување.
• За ова обично се потребни до 24 часа, а потоа
автоматски се исклучува.
• Ако се користи максималниот капацитет за
замрзнување, експресното замрзнување мора
да биде вклучено 2 часа пред да се стават
свежи продукти во одделот на замрзнувачот.
Максимално чување
• Заради подобра циркулација на воздухот,
отстранете го подвижниот ледомат.
• Ако треба да се складираат поголеми
количества храна, подвижниот ледомат може
да се извади од апаратот, а храната може да
се стави директно на полиците на фрижидерот,
во одделот за замрзнување.
МК
17

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents