LG 43UF675V Owner's Manual page 296

Hide thumbs Also See for 43UF675V:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Експерт 1, 2 : Мени за прилагодување на квалитетот
на сликата кое на експертите и љубителите им овозможува да
уживаат во најдобра ТВ слика. Ова е мени за прилагодување
наменето за професионалните лица за прилагодување на
слика со ISF сертификат. (ISF логото може да се користи само на
телевизори со ISF сертификат.)
ISFccc: Imaging Science Foundation Certi ed Calibration Control
Во зависност од влезниот сигнал, достапниот опсег на режими
на слика може да се разликува.
Експерт режимот е наменет за стручните лица
за прилагодување на сликата за контролирање и фино
прилагодување на конкретна слика. За нормална слика,
ефектите може да не бидат очигледни.
ISF функцијата е достапна само кај одредени модели.
Поставување на напредна контрола
SETTINGS
СЛИКА
Режим на слика
/ Експертска контрола
Калибрирање на екранот за конкретните режими на слика; или пак
прилагодување на поставките за добивање на специфична слика.
Прво изберете Режим на слика по ваш избор.
Динамичен контаст : Прилагодување на контрастот кон
оптималното ниво во зависност од осветленоста на сликата.
Динамична боја : Прилагодување на боите за да може
изгледот на сликата да биде со поприродни бои.
Боја на кожа : Спектарот на боите на кожата се поставува
одделно за да се добие боја на кожа по избор на корисникот.
Небесно-сина боја : Бојата на небото се поставува одделно.
Зелена боја : Спектарот на боите на природата (ливади,
падини итн.) може одделно да се поставува.
Гама : Поставување на кривата за градација според излезот на
сигналот за слика во однос на влезниот сигнал.
Опсег на боја : Избор на опсегот на бои кој може да се
прикаже.
Подобрување на рабовите : Прикажува појасни и остри, а
сепак природни рабови на видео записот.
Експертска шема : [Во зависност од моделот]
Шеми кои се користат за експертско прилагодување.
Филтер на боја : Филтрирање на специфичен спектар од RGB
боите за прецизно поставување на заситеноста на боите и
нијансата.
Темп. боја : Се прилагодува глобалниот тон на сликата по ваша
желба. Во експертскиот режим, деталното фино прилагодување
може да се врши преку гама метод итн.
Систем за управување со бои : Ова е систем кој го користат
експертите кога ги прилагодуваат боите со помош на тест
шема. Тие може да избираат помеѓу шест подрачја на бои
(црвена / зелена / сина / цијан / магента / жолта) без влијаење
врз другите бои. За нормална слика, прилагодувањата може да
не резултираат со забележителна промена на боите.
Супер резолуција : [Во зависност од моделот]
Прилагодување на резолуцијата за исчистување на
придушената и заматена слика.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за
слика, опсегот на деталните елементи за прилагодување може
да се разликува.
16
Поставување на дополнителните опции за
слика
SETTINGS
[Во зависност од моделот]
Прилагодување на деталните поставки за слика.
Редукција на шум : Отстранување на шумот од сликата.
Намалување на MPEG шумот : странување на шумот
генериран при креирање на дигитални сигнали за слика.
Ниво на црна боја : Се прилагодува осветлувањето и
контрастот на екранот во зависност од нивото на црна боја на
влезниот сигнал со користење на затемнетост (ниво на црна
боја) на екранот.
Вистинско кино : Помага при оптимално поставување на
екранот.
Заштита на очите при движења / Паметна заштеда
на енергија : [Во зависност од моделот] Намалување
Напредна контрола
на потрошувачката на енергија преку прилагодување на
осветленоста во согласност со движењата на сликата на
екранот.
LED лок. затем. : [Во зависност од моделот] Се осветлуваат
светлите области и се затемнуваат темните области на сликата
за постигнување на максимален контраст и минимално
заматување со истовремено намалување на потрошувачката.
- Исклучено : Се оневозможува функцијата LED локално
затемнување.
- Ниско/Средно /Високо : Промена на соодносот на
контрастот.
TruMotion : [Во зависност од моделот] Оптимизирање на
квалитетот на сликата на содржини со брзи движења.
- Исклучено : Исклучување на TruMotion.
- Рамномерно : Ги ублажува содржините со брзи движења.
- Исчисти : Ги прави содржините со брзи движења појасни.
- Корисник : Рачно поставување на De-judder / De-blur.
De-Judder: Прилагодување на треперењето на сликата.
De-Blur: Ги намалува ефектите на заматување на
движењето.
Автоматски режим значи дека опсегот на треперење и
заматување кои зависат од статусот на влезниот видео сигнал
е контролиран од режимот TruMotion.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за
слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може
да се разликува.
Користење на функцијата за штедење енергија
SETTINGS
Заштеда на електрична енергија преку прилагодување на
осветленоста на екранот.
Автоматски : [Во зависност од моделот]
Сензорот на телевизорот ја детектира амбиенталната светлина
и автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот.
Исклучено : Исклучување на штедењето на енергија.
Минимум / Средно / Максимум : Примена на однапред
поставено штедење на енергија.
Искл. на екран : Екранот се исклучува и се емитува само звук.
За повторно вклучување на екранот притиснете кое било копче
на далечинскиот управувач освен копчето за напојување.
СЛИКА
Режим на слика
Опција на слика
СЛИКА
Штедење на енергија

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents