Мали Деца; Медицински Уреди - Nokia 6.2 Manual

Table of Contents

Advertisement

Nokia 6.2 Упатство за корисникот
Во никој случај батеријата не смее да се расклопува, сече, крши, витка, дупчи или на друг
начин да се оштетува. Доколку батеријата протекува, не дозволувајте течноста да ја допре
кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги со вода зафатените места
или побарајте медицинска помош. Батеријата не смее да се модифицира, да се ставаат
туѓи објекти во неа, да се потопува или изложува на вода или на други течности. Батериите
можат да експлодираат ако се оштетат.
Батеријата и полначот користете ги само за наменетата цел. Неправилната употреба
или користењето на неодобрени или некомпатибилни батерии или полначи може да
претставуваат ризик од пожар, експлозија или друга опасност и може да поништи какво
било одобрување или гаранција. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени,
однесете ги во сервисен центар или кај продавачот на телефонот пред да продолжите да
ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач. Полначот користете
го само во затворен простор. Не полнете го уредот за време на грмежи. Ако полначот
не е вклучен во продажното пакување, наполнете го уредот со помош на кабелот за
податоци (приложен) и струен USB-адаптер (се продава одделно). Уредот може да го
полните со кабли од трети страни и адаптери усогласени со стандардот USB 2.0 (или
понов), со важечките прописи во земјата и со меѓународните и регионалните стандарди
за безбедност. Други адаптери може да не бидат усогласени со важечките стандарди за
безбедност, па полнењето со такви адаптери може да претставува ризик од имотна штета
или лична повреда.
За исклучување на полначот или некој додаток, фатете го и повлечете го приклучокот, а не
кабелот.
Освен тоа, ако уредот има батерија што може да се отстрани, важи следново:
• Секогаш исклучувајте го уредот и исклучувајте го полначот пред да ја извадите
батеријата.
• Може да настане случаен краток спој ако метален предмет ги допре металните ленти на
батеријата. Ова може да ја оштети батеријата или другиот предмет.
МАЛИ ДЕЦА
Вашиот уред и неговите додатоци не се играчки. Тие може да содржат мали делови.
Чувајте ги надвор од дофатот на малите деца.
МЕДИЦИНСКИ УРЕДИ
Работата на радиопредавателната опрема, вклучувајќи ги и безжичните телефони, може да
ги попречува несоодветно заштитените медицински уреди. Консултирајте се со лекар или
со производителот на медицинскиот уред за да одредите дали тој е соодветно заштитен од
надворешна радиоенергија.
© 2021 HMD Global Oy. Сите права се задржани.
53

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ta-1198Ta-1200Ta-1187Ta-1201

Table of Contents