Download Print this page

Bosch LR Professional 1 Original Instructions Manual page 194

Laser receiver
Hide thumbs Also See for LR Professional 1:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
194 | Македонски
Означување
На средишната ознака (5) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник
може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ
средината на приемното поле (6).
Средишната ознака се наоѓа 45 mm од горниот раб на мерниот уред.
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет
вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при
вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот
зрак.
Прицврстување со држач (види слика B)
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со држачот (17) како и на мерна
летва (15) (опрема), како и на други помошни средства со ширина од 65 mm.
Затегнете го држачот (17) со завртката за прицврстување (16) во прифатот (13) на
задната страна од ласерскиот приемник.
Олабавете го вртливото копче (14) на држачот, притиснете го истиот на пр. на
мерната летва (15) и повторно завртете го вртливото копче (14).
Референтната средишна линија (18) на држачот се наоѓа на истата висина како и
средишната ознака (5) и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика C)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот
приемник со помош на магнети (4) на челичните делови.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник.
Не го потопувајте ласерскиот приемник во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
1 609 92A 5S4 | (10.08.2020)
Bosch Power Tools

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Lr professional 1 g