Bosch 0 607 560 Series Original Instructions Manual page 151

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
OBJ_BUCH-1568-005.book Page 151 Monday, August 22, 2016 10:54 AM
Менување на иглици (0 607 560 502) (види слика C)
– Олабавете ги шрафовите со цилиндрична глава 12.
– Извлечете ја водечката чаура 11 целосно од иглиците.
Притоа притисокот од пружината ќе се пренесе на
перфорираниот диск 14.
– Извадете го перфорираниот диск 14 заедно со
иглиците од држачот за иглици 13.
– Притиснете ги иглиците наназад и заменете ги.
– Повторно монтирајте ги сите компоненти и затегнете ги
сите шрафови со цилиндрична глава со контра-
навртките.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и држете
го притиснат за време на работниот процес.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
При работењето избегнувајте да го држите пневматскиот
алат во празен од.
Секогаш притискајте го длетото или иглиците цврсто на
делот што се обработува.
Подесување на иглиците (0 607 560 502)
– Олабавете ги шрафовите со цилиндрична глава 12.
– Притиснете ја малку водечката чаура 11 на држачот за
иглици 13.
– Повторно затегнете ги шрафовите со цилиндрична
глава со контра-навртките.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 4 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
Bosch Power Tools
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 3 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 150) и оставете го да
работи 5–10 с, додека не го соберете маслото што капе
со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Редовно одржување
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
Подмачкување на пневматски алати, што не спаѓаат во
серијата CLEAN
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
Опрема
За комплетната квалитетната програма на прибор можете
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
1 609 92A 37P | (22.8.16)
Македонски | 151

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 607 560 5000 607 560 502

Table of Contents