Huawei Nova Smart Quick Start Manual page 165

Table of Contents

Advertisement

Кога користите податочна услуга преку СИМ-
картичката 1, податочната услуга на СИМ-картичката
2 ќе биде оневозможена.
Одликата за еден пристап на телефонот ви помага да го
намалите искористувањето на батеријата и да го
зголемите времето за мирување на телефонот. Не е
поврзано со мрежните услови на давателот на услугата.
Пожелно е да контактирате со давателот на услуги и да се
претплатите за потсетник за испуштени повици и на
соодветни помошни услуги за да ги избегнете
гореспоменатите конфликти.
Безбедносни информации
Пречки во медицинската опрема
Почитувајте ги правилата и прописите што ги
утврдуваат болниците и другите објекти за
здравствена заштита. Не го користете уредот онаму
каде што е забранета неговата употреба.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата
на слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се
до давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го
уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го
носете уредот во предниот џеб.
Заштита на слухот при користење на
слушалката
За да се спречи можно оштетување на слухот,
не се изложувајте на голема јачина на звукот подолг
временски период.
161

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents