ЗАБЕЛЕШКА:
Ако се инсталирани две nano-SIM-картички, двете
картички можe да се поврзат со 4G, 3G или 2G
мрежата, а и двете картички може да се користат за
мобилни податоци.
Полнење на телефонот
Батеријата на телефонот треба да има доволно
енергија за вклучување на телефонот, наоѓање
сигнал и упатување неколку повици. Треба целосно
да ја наполните батеријата што е можно поскоро.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете само полначи и USB кабли одобрени од
ZTE. Користењето неодобрени додатоци може да го
оштети телефонот или да предизвика батеријата да
експлодира.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не отворајте го задниот капак. Батеријата не може
да се извади. Вадењето може да предизвика
пожар или експлозија.
1. Поврзете го адаптерот со приклучокот за
полнење. Проверете дали адаптерот е вметнат
во правилната насока.
94