01 Фрижидер / Одмор (3 сек.)
Fridge (Фрижидер)
Vacation (Одмор)
Untitled-5 41
За да ја приспособите температурата на фрижидерот, притиснете на Fridge
(Фрижидер) за да ја изберете соодветната температура.
Може да ја менувате температурата помеѓу 1 °C и 7 °C (стандардно: 3 °C).
Засилено ладење (Тип 1)
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на
вентилаторот. Фрижидерот ќе продолжи да работи со максимална брзина во траење
од два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната температура.
•
За да активирате Засилено ладење, изберете температура од 1 °C, а потоа
притиснете Fridge (Фрижидер) за да изберете Засилено ладење. Соодветниот
индикатор ( ) ќе се вклучи, а фрижидерот ќе го забрза процесот на ладење.
•
За да ја деактивирате функцијата Засилено ладење, повторно притиснете го
копчето Fridge (Фрижидер). Потоа температурата на фрижидерот ќе се врати на
7 °C.
ЗАБЕЛЕШКА
Со користење на Засилено ладење се зголемува потрошувачката на енергија. Не
заборавајте да ја исклучите функцијата и да ја вратите претходната температура ако
немате намера да ја користите.
•
Користете ја функцијата Одмор ако одите на одмор или службено патување или
ако немате намера да го користите фрижидерот подолго време. Температурата на
фрижидерот ќе се држи под 17 °C, но замрзнувачот останува активен како што бил
поставен.
•
За да го активирате или деактивирате режимот Одмор, притиснете и задржете го
Fridge (Фрижидер) 3 секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Не заборавајте да ја отстраните храната од фрижидерот пред да започнете да го
користите режимот Vacation (Одмор).
•
Режимот Одмор ќе се исклучи ако ја прилагодите температурата.
Македонски 41
2021-07-07
7:18:20