Безбедносни Совети - Vox EBM7000BIX User Manual

Built-in electric oven
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ СОВЕТИ
Не ја употребувајте рерната ако немате обувки на стапалата. Не ја допирајте рерната со
наводенети или влажни раце или стапала.
За рерната: Вратата на рерната не треба често да се отвора во текот на периодот на
подготовка на храната.
Уредот мора да го постави и да го пушти во работа овластено техничко лице.
Производителот не е одговорен за каква било штета која може да ја предизвика
неисправното поставување на уредот, како и поставувањето од страна на неовластени
лица.
Не ставајте ништо на вратата или фиоката од рерната кога е отворена, бидејќи можете
да ја нарушите рамнотежата на уредот или да ја скршите вратата.
Некои делови од уредот можат долго да ја задржат топлината; пред да ги допрете
деловите кои директно се загреваат, почекајте да се оладат.
Доколку уредот не сакате да го користите во текот на подолг временски период, се
препорачува да го исклучите од струја.
ВГРАДУВАЊЕ НА РЕРНАТА ВО КУЈНСКИ ЕЛЕМЕНТ
Вградете ја рерната во кујнски елемент, во место предвидено за тоа; може да се вгради под
работната плоча или во вертикално поставен ормар. Прицврстете ја рерната така што ќе ја
заштрафите користејќи ги двата отвори за прицврствување, кои се наоѓаат на рамката. За да
ги пронајдете отворите за прицврстување, отворете ја вратата на рерната и погледнете
внатре. При прицврстувањето на рерната, поведете сметка за соодветните мерки и
растојанија како би обезбедиле адекватна вентилација.
ВАЖНО
Неопходно е да обезбедите прикладно место за кујнскиот елемент со што рерната би
работела на соодветен начин. Површините на кујнскиот елемент кои се наоѓаат до рерната
мораат да бидат направени од термоотпорни материјали. Проверете дали лепакот во рамки
на елементите направени од фурнирано дрво може да издржи температура од најмалку 120°C.
Пластичните делови и лепакот кои не можат да ја издржат споменатата температура ќе се
стопат и ќе го деформираат елементот. Кога рерната ќе се постави во елементот,
електричните делови е неопходно да бидат потполно изолирани. Ова е правно барање кое се
однесува на безбедноста. Сите штитници мораат да бидат добро прицврстени како би се
оневозможило нивно тргање без употреба на специјални алати. За да се уверите дека
воздухот адекватно циркулира околу рерната, отстранете го задниот дел на кујнскиот елемент.
Просторот помеѓу рерната и задниот дел на полицата не смее да биде помал од 45 mm.
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
Откако ќе ја отпакувате рерната, уверете се дека нема никакви
оштетувања. Ако имате каков било сомнеж, немојте да ја користите;
контактирајте квалификувано лице кое професионално се бави со
сервисирање. Амбалажата, каква што се пластични ќеси, стиропор
или шајки, држете ја надвор од дофатот на деца, бидејќи овие
предмети се опасни за нив.
46

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ebb7000bix

Table of Contents