Makita DHR183 Instruction Manual page 66

Hide thumbs Also See for DHR183:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прекинувач за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
► Сл.5: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
Избирање на работниот режим
ЗАБЕЛЕШКА:
Не ротирајте го копчето за
менување на режимот на активноста кога е
вклучен алатот. Алатот ќе се оштети.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да избегнете нагло абење на
механизмот за менување на режимот, копчето
за менување на режимот на активност мора
секогаш да е позитивно поставено во една од
положбите на режимот на активност.
Ротација со ковање
За дупчење во бетон, малтер итн., свртете го
копчето за менување на режимот на активност на
симболот
. Користете бургија со врв од карбид.
► Сл.6: 1. Копче за промена на работниот режим
Само ротација
За дупчење дрво, метал или пластика, ротирајте
го копчето за менување на режимот на активноста
на симболот . Користете извиткана бургија за
дупчење или бургија за дрво.
► Сл.7: 1. Копче за промена на работниот режим
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да прекине да
функционира по отпуштање на прекинувачот
за стартување, алатот треба да се однесе на
сервис во сервисен центар на Makita.
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Странична дршка (помошна
дршка)
ВНИМАНИЕ:
страничната дршка за да обезбедите безбедна
работа.
ВНИМАНИЕ:
нагодувањето на страничниот држач,
проверете дали тој е цврсто затегнат така
што испакнатите делови на алатот се целосно
прицврстени во жлебовите на страничниот
држач.
За да го монтирате страничниот држач, следете ги
чекорите подолу.
1.
Олабавете ја рачната завртка на страничниот
држач.
► Сл.8: 1. Рачна завртка
2.
Монтирајте го страничниот држач за жлебовите
на држачот да се совпаднат со испакнувањата на
алатот додека ја притискате рачната завртка.
► Сл.9: 1. Рачна завртка
3.
Зацврстете ја рачната завртка за да се
прицврсти држачот. Држачот може да се прицврсти
на саканиот агол.
Поставување или отстранување
бургија
Подмачкување
Исчистете го крајот на оската на бургијата
и нанесете средство за подмачкување пред
монтирањето на бургијата.
Премачкајте го крајот на оската на бургијата
однапред со мала количина маст (околу 0,5 - 1 гр).
Подмачкувањето на клинот за сопирање обезбедува
мазно работење и подолг период на сервисирање.
► Сл.10: 1. Крај на оска 2. Подмачкување
Вметнете ја бургијата во алатот. Вртете ја бургијата и
туркајте ја навнатре додека не се блокира.
По монтирањето на бургијата, секогаш проверувајте
дали е безбедно прицврстена со тоа што ќе се
обидете да ја извлечете.
► Сл.11: 1. Бургија
За да ја отстраните бургијата, притиснете ја главата
докрај надолу и извлечете ја бургијата.
► Сл.12: 1. Бургија 2. Штитник за клинот
66 МАКЕДОНСКИ
Пред секое дотерување или
Секогаш користете ја
По монтирањето или

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents