Makita DUC256 Instruction Manual page 86

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC256:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте силно да го
повлекувате прекинувачот без да ја притиснете
рачката за блокирање. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот за стартување, вградена е рачка
за одблокирање. За да го стартувате алатот,
притиснете ја рачката за одблокирање и повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината на
алатот се зголемува со зголемување на притисокот
на прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
► Сл.7: 1. Прекинувач за стартување 2. Рачка за
блокирање
Проверување на затегнатоста на
синџирот
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
со двете раце кога ја вклучувате. Држете ја
горната рачка со вашата десна рака, а предната
рачка со вашата лева рака. Шипката и синџирот
не смеат да се во допир со никаков предмет.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не
сопре веднаш, при правење на тестот, пилата
не смее да се користи под никакви околности.
Побарајте помош од нашиот овластен
сервисен центар.
1.
Притиснете ја рачката за блокирање, а потоа
повлечете го прекинувачот. Синџирот на пилата
веднаш ќе се стартува.
2.
Притискајте го предниот штитник за рака
нанапред со задниот дел од вашата рака. Осигурете
се дека моторната пила веднаш запира.
► Сл.8: 1. Преден штитник за рака 2. Неблокирана
положба 3. Блокирана положба
Проверување на сопирачката за
намалување
ВНИМАНИЕ:
Доколку синџирот на пилата
не запре во рок од две секунди во овој тест,
престанете да ја користите моторната пила и
побарајте помош од нашиот овластен сервисен
центар.
Вклучете ја моторната пила, а потоа целосно
отпуштете го прекинувачот за стартување. Синџирот
на пилата мора да сопре во рок од две секунди.
Нагодување на подмачкувањето
на синџирот
Може да ја нагодите стапката на доток на пумпата
за масло со шрафот за нагодување со помош на
универзалниот клуч. Количината на маслото може
да се нагоди во 3 чекори. Отворете го капачето за да
го нагодите шрафот за нагодување.
► Сл.9: 1. Капаче 2. Нагодувачка завртка
Карабинер (точка за прикачување
јаже)
Алатот може да го закачите со прикачување на
јажето на карабинерот. Повлечете го карабинерот и
потоа врзете го со јажето.
► Сл.10: 1. Карабинер
Назабен браник
Алатот е стандардно опремен со назабен браник.
За замена на назабениот браник, обратете се во
овластените сервисни центри на Makita.
Кога вршите сечење, допрете го назабениот браник
до трупецот и користете го како лост.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
пилата со голи раце. Носете ракавици секогаш
кога ракувате со синџирот на пилата.
Монтирање или демонтирање на
синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
насочувачката шипка сѐ уште се жешки по
работата. Оставете ги доволно да се оладат
пред да продолжите со работење со алатот.
ВНИМАНИЕ:
монтирање или демонтирање на синџирот на
пилата на чисто место, без прав и сл.
За да го монтирате синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Проверете ја насоката на синџирот на пилата.
Изедначете ја насоката на синџирот на пилата со
онаа од ознаката на телото на моторната пила.
2.
Поставете еден крај од синџирот на пилата на
горната страна од насочувачката шипка.
3.
Поставете го другиот крај од синџирот
на пилата околу запченикот, пота прикачете ја
насочувачката шипка на телото на моторната пила,
порамнувајќи го отворот на насочувачката шипка со
чепчето на телото на моторната пила.
► Сл.11: 1. Ѕвездест лагер 2. Отвор
86 МАКЕДОНСКИ
Пред секое дотерување или
Не допирајте го синџирот на
Синџирот на пилата и
Извршете ја постапката за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc306Duc356Duc406Duc256c

Table of Contents