Makita 5008MG Instruction Manual page 40

Hide thumbs Also See for 5008MG:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нишанење
► Сл.9: 1. Основа
За праволиниско сечење, порамнете ја положбата
А на предниот дел од основата со вашата линија за
сечење. За косо сечење под агол од 45°, порамнете
ја со положбата B.
Вклучување
► Сл.10: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за исклучување на алатот.
Вклучување на ламбата
► Сл.11: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не чукајте ја ламбата затоа што можете да
ја оштетите или да го намалите нејзиниот
работен век.
Не гледајте директно во светлината или во
изворот на светлина.
Ламбата се вклучува кога алатот е поврзан во
напојување. Ламбата останува да свети додека
алатот не се откачи од напојување.
Ако ламбата не свети, главниот кабел или ламбата
може да се неисправни. Ламбата е вклучена, но
алатот не стартува иако е вклучен, јагленските
четкички може да се истрошени, или моторот или
прекинувачот ON/OFF можеби се неисправни.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за бришење на
прашината од леќата на ламбата. Внимавајте
да не ја изгребите леќата на ламбата, во
спротивно може да се намали интензитетот
на осветлување.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот, проверете
дали е исклучен и откачен од струја.
Складирање на имбус-клучот
► Сл.12: 1. Имбус клуч 2. Испакнувања
Имбус-клучот е поставен на алатот. За да го извадите
имбус-клучот, свртете го кон себе и повлечете го.
За монтирање на имбус-клучот, поставете го на
рачката и вртете го додека не дојде во допир со
издадениот дел на рачката.
Отстранување или поставување
сечило за пилата
► Сл.13: 1. Имбус клуч 2. Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сечилото е монтирано со забите
насочени нагоре кон предниот дел на алатот.
Користете само клуч Makita за ставање или
вадење на сечилото.
За да го извадите сечилото, притиснете ја блокадата
на оската целосно такашто сечилото да не може да
се врти и употребете имбус-клуч за олабавување на
имбус-завртката во насока спротивна од стрелките
на часовникот. Потоа, извадете ги имбус-завртката,
надворешната фланша и сечилото.
За да го наместите сечилото, следете ја постапката
за вадење по обратен редослед. ВНИМАВАЈТЕ
ДОБРО ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ИМБУС-ЗАВРТКАТА.
► Сл.14: 1. Сечило за пила 2. Шестоаголна завртка
3. Надворешна фланша 4. Внатрешна
фланша 5. Прстен
Кога го заменувате сечилото, исто така исчистете
ги горниот и долниот штитник за сечило од
насобраните отпадоци како што е опишано во
делот Одржување. Тоа не го заменува правилото
дека треба секогаш да проверувате дали долниот
штитник работи пред секоја употреба.
Поврзување вакуумска смукалка
Опционален прибор
► Сл.15: 1. Вакуумски чистач
Кога сакате да извршите чисто сечење, на вашиот
алат повзете вакуумска смукалка Makita. Монтирајте
ја спојката на алатот со помош на завртките. Потоа,
поврзете го цревото на вакуумската смукалка на
спојката како што е прикажано на сликата.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите алатот напред во
права линија и нежно. Прекумерната сила
или искривувањето на алатот ќе резултира со
прегревање на моторот, и опасен повратен удар
што би можело да доведе до тешки повреди.
► Сл.16: 1. Задна рачка 2. Предна рачка 3. Основа
Секогаш користете ги предната и задната дршка и цврсто
држете го алатот за обете за време на работењето. Алатот
има предна дршка и задна дршка. Ако пилата се држи со
двете раце, тие не можат да бидат пресечени од сечилото.
Поставете ја основата врз материјалот што ќе го сечете,
со тоа што сечилото не смее да го допира. Потоа вклучете
го алатот и почекајте додека сечилото достигне целосна
брзина. Сега, едноставно придвижете го алатот нанапред
долж површината на материјалот што се сече при тоа
одржувајќи го праволиниски и напредувајќи бавно додека
сечењето не заврши.
За добивања чисти пресечени парчиња, држете ја
линијата на сечење права и брзината на напредување
40 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5008mga

Table of Contents