Ставање Детергент Во Машината; Работа Со Машината; Избирање Програма - Vox WM1040T15D User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Погрижете се вратичката да е
целосно затворена, во спротивно
програмата нема да започне.
5.3 Ставање детергент во машината
Количината на детергент што ја ставате
во машината зависи од следниве
критериуми:
Доколку алиштата не се многу
извалкани, не ја користете опцијата за
предперење. Ставете мала количина
детергент (како што е наведено од
производителот) во одделот II од
фиоката за детергент.
Доколку алиштата се премногу
извалкани, изберете ја опцијата
за предперење и во одделот I од
фиоката за детергент ставете ¼ од
детергентот кој ќе го користите, а
останатата количина ставете ја во
одделот II.
Користете детергенти кои се
произведени за автоматски машини
за перење. Следете ги упатствата
од производителот за тоа колкава
количина на детергент треба да
употребите.
Во области со тврда вода, потребно е
да се стави повеќе детергент.
Количината на потребен детергент
се зголемува со зголемување на
количината на алиштата.
Ставете омекнувач во средниот
оддел од фиоката за детергент. Не
надминувајте го нивото MAX (МАКС.).
Густите омекнувачи може да
предизвикаат затнување на фиоката
и треба да се растворат.
Може да користите течни детергенти
во сите програми без да ја користите
опцијата за предперење. За да го
направите ова, лизгајте ја плочката
за ниво на течен детергент (*) во
жлебовите во одделот II од фиоката
за детергент. Користете ги линиите
на плочката како водач за да ја
наполните фиоката до потребното
ниво.
(*) Спецификациите може да се
разликуваат во зависност од купениот
производ.
5.4 Работа со машината
1. Приклучете ја машината на
електрично напојување.
2. Вклучете ја водоводната инсталација.
Отворете ја вратата од машината.
Распоредете ги рамномерно
алиштата во машината.
Нежно притиснете ја вратичката
додека не "кликне" дека е затворена.
5.5 Избирање програма
Користете ги таблите за програми за да
ја изберете најсоодветната програма за
вашите алишта.
5.6 Систем за откривање на
полупразен барабан
Вашата машина има систем за
откривање на полупразен барабан.
Доколку во машината ставите половина
од максималната количина алишта, таа
автоматски се поставува на функцијата
за полупразен барабан, независно од тоа
која програма сте ја избрале. Ова значи
дека избраната програма ќе заврши за
пократко време и ќе искористи помалку
вода и електрична енергија.
МК - 18
1
2

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents