Makita BO5040 Instruction Manual page 28

Random orbit sander
Hide thumbs Also See for BO5040:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА:
Сликата покажува стандардни примени.
Може да се разликуваат под определени
услови.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Како се користи предната дршка
► Сл.3
Предната дршка може да се олабави и премести
хоризонтално во саканата работна положба. Штом
предната дршка е во саканата положба, повторно
стегнете ја пред да пристапите кон употреба.
Монтирање или вадење на
предната дршка
► Сл.4: 1. Шраф 2. Предна рачка
Отворете ја основата на дршката и прикачете ја на
шмирглата во делот каде што се наоѓа логото на
Makita.
► Сл.5: 1. Цврста основа 2. Лого на Makita
Откако ќе ја затворите основата на дршката, цврсто
стегнете ја предната дршка врз делот на основата
на дршката каде што се наоѓа завртката.
► Сл.6
За вадење, олабавете ја и извадете ја предната
дршка, и потоа, извадете ја основата на дршката.
Инсталирање или отстранување
на абразивниот диск
► Сл.7
За да го поставите абразивниот диск, прво исчистете
ги прашината и туѓите тела од подлогата. Потоа
излупете ја заштитната хартијата од абразивниот
диск и прикачете го абразивниот диск на подлогата.
Внимателно подредете ги дупките во абразивниот
диск со тие на подлогата.
ВНИМАНИЕ:
Ако го извадите абразивниот диск од
подлогата, адхезијата ќе се намали. Никогаш
не се обидувајте да ја залепите на подлогата
за понатамошна употреба.
Монтирање на вреќата за прашина
► Сл.8: 1. Вреќа за прав
Монтирајте ја вреќата за прашина на алатот за
логото „Мakita" на вреќата за прашина да биде
исправен нагоре (а не обратно).
Празнење на вреќата за прашина
► Сл.9: 1. Распрскувач на прав
Откако ќе се наполни до половина вреќата за
прашина, исклучете го алатот и извадете го кабелот
од струја. Извадете ја вреќата за прашина од алатот.
Потоа, тргнете го распрскувачот од вреќата за
прашина откако ќе го отклучите распрскувачот за
прашина со мало свртување обратно од насоката
на движење на стрелките на часовникот. Со нежно
потчукнување, испразнете ја вреќата за прашина.
► Сл.10: 1. Распрскувач на прав
откако ќе ја испразните вреќата за прашина,
инсталирајте го распрскувачот на прашина на
вреќата за прашина. Свртете го распрскувачот на
прашина нежно во насока на движење на стрелките
на часовникот и фиксирајте го. Потоа инсталирајте
ја вреќата за прашина на алатот, како што е
опишано во „Инсталирање на вреќата за прашина".
Монтирање хартиена вреќа за
прашина
► Сл.11: 1. Жлеб 2. Картон за предно фиксирање
3. Предна страна на хартиената ќеса за прав
Поставете ја хартиената вреќа за прав на држачот
за хартиена вреќа за прав, со предната страна
нагоре. Ставете го предниот картон за фиксирање
на хартиената вреќа за прав во жлебот на држачот
на хартиената вреќа за прав.
► Сл.12: 1. Куки 2. Горен дел
Потоа притиснете го горниот дел на предниот картон
за фиксирање во правецот на стрелката за да ја
закачите на стегите.
► Сл.13: 1. Жлеб 2. Водач
► Сл.14
Ставете го засекот на хартиената вреќа за прав во
насочувачот на држачот на хартиената вреќа за
прав. Потоа инсталирајте го комплетот држач на
хартиената вреќа за прав на алатот.
Монтирање хартиена филтер-вреќа
► Сл.15: 1. Задржувач
Проверете дали логото на работ на картонот и логото на
кутијата за прав се на истата страна, потоа монтирајте
ја хартиената филтер-вреќа поставувајќи го работ на
картонот во жлебот на секоја лента за држење.
► Сл.16: 1. Кутија за прав 2. Распрскувач на прав
Проверете дали логото на работ на картонот и логото
на распрскувачот на прав се на иста страна, потоа
инсталирајте го распрскувачот на прав на кутијата за прав.
Отстранување на кутијата за прав
и хартиената филтер-вреќа
► Сл.17: 1. Резе 2. Распрскувач на прав
Отстранете го распрскувачот на прав со притискање
на двете блокади.
► Сл.18
Прво тргнете ја хартиената филтер-вреќа со тоа
што ќе ја штипнете страната на логото на работ на
картонот, потоа повлечете го работ картонот надолу, за
да го тргнете од држечката лента на кутијата за прав.
28 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bo5041

Table of Contents