Bosch EasyPrune Original Instructions Manual page 179

Hide thumbs Also See for EasyPrune:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-3124-001.book Page 179 Thursday, July 20, 2017 2:28 PM
Одржување и чистење
Предупредување! Пред одржување или
чистење, заклучете го безбедносниот
прекинувач 7 на позиција «a».
(види слика B)
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат , за да
може добро и безбедно да работите.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работете со
уредот или извршувате чистење или одржување.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Пружината 4 меѓу рачките НЕ е заменлива и НЕ ТРЕБА
да се вади. Непридржувањето до ова предупредување
може да доведе до тешки повреди.
Замена на сечилата (види слики D1 – D4)
Дополнителни сечила: F 016 800 475
Откочете го уредот на безбедносниот прекинувач 6 и
подесете го прекинувачот за серво сечење 7 на
прикажаната положба.
Користете го шестоаголниот клуч приложен со заменските
сечила, за завртката 9 заедно со чаурата 12 да ја одвртите
и да ги ослободите сечилата.
Новите сечила поставете ги 1 како што е прикажано. Потоа
чаурата 12 ставете ја заедно со завртката 9 и со
шестоаголниот клуч зашрафете ги цврсто.
После режење/складирање
Чистете ја надворешноста на уредот темелно со мека
четка и крпа. Не користете вода, разредувачи и средства
за полирање. Одстранете ги сите остатоци.
Пред складирање, испрскајте ги сечилата со спреј за
одржување.
Уредот чувајте го на безбедно, суво место, вон дофат на
деца, со заклучен безбедносен прекинувач 6. Не
оставајте го уредот без надзор ни кога не се користи.
Не редете други предмети врз уредот.
Сервисна служба и совети при користење
www.bosch-garden.com
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите
во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 2012/19/EU електричните
апарати што се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел «Транспорт»,
cтрана 179.
 При одложување, вградената батерија смее да се
извади само од страна на стручен персонал. Со
отворање на обвивката на куќиштето, електричниот
апарат може да се уништи.
За да ја одстраните батеријата од уредот, таа мора да биде
потполно празна. Една можност за празнење на
батеријата е да сечете гранки со голем дијаметар, а
прекинувачот да е подесен на автоматско режење - серво
7 на позиција c. Извадете ги сечилата како што е
прикажано во делот «Одржување и чистење». Извадете го
капакот со одвртување на завртките, а потоа извадете го
белиот утикач од електрониката. Одвртете ги завртките, а
потоа одвојте ја батеријата за да ја извадите. За да
избегнете краток спој, исечете ги приклучоците на
батеријата и изолирајте ги половите. И кога е батеријата е
празна, содржи остаток од полнењето, кој може да се
ослободи при краток спој.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 179
F 016 L81 522 | (20.7.17)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents