Шифрирање мемориска картичка
Можете да ги криптирате и да ги заштитите податоците зачувани на
мемориската картичка. До криптираните податоци на мемориската картичка
не може да се пристапи од друг уред.
1
Допрете на
Шифрирање и акредитиви Шифрирај SD-картичка.
2
Прочитајте го прегледот на екранот за криптирање на мемориската
картичката и потоа допрете на ПРОДОЛЖИ за да продолжите.
3
Изберете опција и допрете на ШИФРИРАЈ СЕГА.
Шифрирање нови датотеки: За криптирање само на податоци кои по
•
криптирањето ќе се чуваат на мемориската картичка.
Целосно шифрирање: За криптирање на сите податоци што во
•
моментот се зачувани на мемориската картичка.
•
Не опфаќај медиумски датотеки: За криптирање на сите датотеки
освен медиумските датотеки како оние со музика, фотографии и видео-
записи.
•
За да криптирате мемориска картичка, внимавајте заклучувањето на
екранот да биде поставено на користење PIN или лозинка.
•
Штом почне криптирањето на мемориската картичка, некои функции
не се достапни.
•
Ако уредот се исклучи додека трае криптирањето, процесот на
криптирање се прекинува и некои податоци може да се оштетат. Затоа,
проверете дали батеријата е доволно наполнета пред стартувањето на
криптирањето.
•
До криптираните датотеки може да се пристапи само од уредот каде се
криптирани.
•
Криптирана мемориска картичка не може да се користи на друг уред од
LG. За да користите криптирана мемориска картичка на друг мобилен
уред треба да ја форматирате картичката.
•
Можете да го стартувате криптирањето на мемориски картички
дури и кога во уредот нема инсталирана мемориска картичка. Секоја
мемориска картичка која ќе се инсталира по криптирањето, автоматски
ќе биде криптирана.
Основни функции
Поставки Општо Заклучен екран и безбедност
44