LG -M320n User Manual page 999

Hide thumbs Also See for LG-M320n:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За ова упатство
Ви благодариме што го избравте овој производ на LG. Ве молиме пред
првото користење на уредот внимателно да го прочитате ова упатство за да
осигурите безбедно и правилно користење.
Секогаш користете оригинални додатоци од LG. Испорачаните компоненти
се дизајнирани само за овој уред и може да не бидат компатибилни со
други уреди.
Поради тастатурата на екранот на допир овој уред не е соодветен за лица
со оштетен вид.
Описите се направени врз основа на стандардните поставки на уредот.
Стандардните апликации во овој уред подлежат на ажурирања, а
поддршката за овие апликации може да биде повлечена без претходно
известување. Ако имате какви било прашања за некоја апликација
дадена со овој уред, јавете се во сервисен центар на LG. За апликациите
инсталирани од страна на корисникот јавете се на соодветниот давател на
услуги.
Модификацијата на оперативниот систем на уредот или инсталацијата на
софтвер од неофицијален извор може да го оштети уредот и да доведе
во оштетување на уредот или губење на податоците. Таквите дејствија го
кршат договорот за лиценца на LG и ја поништуваат гаранцијата.
Одредени содржини и илустрации, во зависност од областа, давателот
на услуги, верзијата на софтверот или оперативниот систем, може да
се разликуваат од вашиот уред и подлежат на промени без претходно
известување.
Софтверот, аудио записите, сликата на позадината, сликите и другите
медиумски содржини испорачани со вашиот уред се лиценцирани за
ограничена употреба. Ако ги извлечете и ги користите овие материјали
за комерцијална или друга намена може да ги прекршите законите за
авторски права. Како корисник, вие сте целосно одговорен за илегално
користење на медиумските материјали.
Услугите за податоци, како што се праќање пораки, поставување или
преземање податоци, автоматско синхронизирање и услуги за локација,
може да направат дополнителни трошоци. За да избегнете дополнителни
трошоци изберете тарифа соодветна на вашите потреби. Јавете се кај
вашиот давател на услуги за да добиете дополнителни информации.
МАКЕДОНСКИ
1

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents