Samsung SP-LSP3BLA User Manual page 119

Hide thumbs Also See for SP-LSP3BLA:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Намалување на потрошувачката на енергија
Кога ќе го исклучите Projector, тој преминува во режим на
подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува
да троши мало количество на енергија. За да ја намалите
потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за
напојување кога не планирате да го користите Projector
подолг временски период.
Samsung изјавува дека оваа радио опрема е во сообразност со
Директивата 2014/53/ЕУ и соодветните законски барања на
Обединетото Кралство.
Целосниот текст на изјавата за сообразност е достапна на
следнава интернет-адреса: http://www.samsung.com, одете во
Поддршка и внесете го името на моделот.
Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ и во
Обединетото Кралство.
Функцијата за 5 GHz WLAN(Wi-Fi) на оваа опрема може да се
користи само во затворени простории.
Макс. моќност на предавателот за BT: 100 mW при 2,4 GHz -
2,4835 GHz
Макс. моќност на предавателот за Wi-Fi: 100 mW при 2,4 GHz-
2,4835 GHz, 200 mW при 5,15 GHz-5,25 GHz, 100 mW 5,25GHz-
5,35 GHz & 5,47 GHz-5,725 GHz
Правилно отстранување на овој
производ (отстранување на електрична
& електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни
системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата
посочува дека производот и неговата електронска
дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон,
USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот
отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се
спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од
неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете
ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте
ги за да промовирате повторно користење на материјалите.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата
каде што го купиле овој производ или во службите на
локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат
рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач
и да ги проверат условите и одредбите од договорот
за купување. Овој производ и неговата електронска
дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со
другите комерцијални видови на отпад.
Правилно отстранување на батериите од
овој производ
(Применливо во држави со посебни
системи за справување со отпадот)
Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува
дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно
со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени,
хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата
содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во
Директивата 2006/66/EC.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде
заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве
молиме обратете се до Вашиот сервисен центар. Не обидувајте
се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не
расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете ја батеријата. Ако
сакате да се ослободите од производот, местото за собирање
отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и
третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.
Отстранување на батеријата
За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен
сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување
на батеријата, одете на www.samsung.com/global/
ecodesign_energy.
За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните
батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа
може да доведе до оштетување на батеријата и уредот,
да предизвика лична повреда, и/или да резултира со
намалена безбедност на уредот.
Македонски - 9

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents