Samsung VS20R90 Series User Manual page 52

Hide thumbs Also See for VS20R90 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Доколку ја отстраните батеријата додека
работи моторот на правосмукалката,
батеријата нема да работи 30 секунди
по повторното вметнување поради
безбедносни причини.
• Времето на полнење и користење на
батеријата може да се намалат поради
поголемата употреба на батеријата.
Кога батеријата повеќе не се полни или
брзо се празни, заменете ја истрошената
батерија со нова.
• Користете го само држачот за полнење
и батериите што ги испорачува
производителот.
• Пред да ја вметнете батеријата,
проверете дали ја вметнувате во
правилна насока и ориентација.
• Кога фрлате нефункционална батерија,
ставете ја во кутијата за собирање
батерии за рециклирање.
• Извадете ја батеријата од
правосмукалката доколку не планирате
да ја користите подолг временски
период.
• Кога ја ставате батеријата во
правосмукалката, туркајте ја сè додека не
слушнете звук на кликнување. Тоа значи
дека батеријата е соодветно поставена.
– Во спротивно, батеријата може да
падне и да предизвика оштетување на
производот или повреда.
• Внимавајте да не ви падне батеријата и
не ја удирајте или не ја изложувајте на
ненадејни потреси.
• Не ја расклопувајте батеријата и
внимавајте да не направите краток спој
меѓу контактите плус (+) и минус (-).
10
Македонски
• При претерана употреба или екстремни
температурни услови, може да дојде
до протекување на батеријата. Доколку
течноста ви ја допре кожата, брзо измијте
ја со вода. Доколку течноста ви навлезе
во очи, веднаш почнете да ги плакнете
со чиста вода, најмалку 10 минути.
Побарајте помош од медицинско лице.
• За да го заштити моторот и батеријата,
правосмукалката може да не работи кога
температурата е пониска од 5 °C или
повисока од 45 °C.
Ракување
ЗАБЕЛЕШКА
• Доколку на четката се примени
прекумерна сила или надворешни
честички се заплеткани во ротирачката
четка (барабан), четката може да
престане да работи за да го заштити
моторот или правосмукалката. Исклучете
ја правосмукалката, отстранете ги
надворешните честички и потоа
вклучете ја правосмукалката. Доколку
правосмукалката не се вклучува,
исклучете ја и повторно вклучете ја.
• Статички електрицитет може да се појави
во зависност од влагата, температурата
или материјалот од кој е изработен подот
итн. во вашиот дом. Ако тоа се случува
постојано, контактирајте сервисен центар
на Samsung.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vs15r85 series

Table of Contents