Чистење И Одржување - Tesla WF60830M User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Класата на енергетска ефикасност во EU е A++ за модел од 7 kg и A+++ за модел од 8 kg.
Програма за тестирање на енергетската ефикасност: Cotton Eco (Еко памук) 60ºC/40ºC. Број на
вртежи: максимален. Останатите параметри се прилагодени по дифолт.
Половина дозволена тежина на алишта за модел од 7,0/8,0 kg: 3,5/4,0 kg.
Програмите Cotton Eco (Eko памук) 60ºC/40ºC претставуваат стандардни програми на перење
на кои се однесуваат податоците наведени на етикетата и во карактеристиките. Погодни се за
перење нормално извалкани памучни алишта и претставуваат најефикасни програми во смисла на
комбинираната потрошувачка на струја и вода при перење на споменатиот тип алишта. Реалната
температура на водата може да се разликува од наведената температура за дадениот циклус на
перење.
• Класата на енергетска ефикасност во арапските земји е A
Програма за тестирање на енергетската ефикасност: Cotton ECO (EKO памук) 40ºC. Број на вртежи:
максимален. Останатите параметри се прилагодени по дифолт.
НАПОМЕНА
• Параметрите наведени во оваа табела се дадени само за илустрација. Реалните параметри може
да се разликуваат од оние наведени во табелата.
ОДРЖУВАЊЕ
Чистење и одржување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
• Пред да започнете со одржување, извлечете го кабелот од штекер и затворете ја славината.
Чистење на куќиштето
Со правилно одржување, можете да го продолжите животниот век на машината
за перење алишта. По потреба, нејзините површини може да се чистат со
неабразивен и неутрален детергент. Ако дојде до прелевање на вода, веднаш
избришете ја со влажна крпа. Избегнувајте остри предмети.
НАПОМЕНА
• Забранета е употреба на мравја киселина и растворувачи на база на разредена
мравја киселина и слични производи, како алкохол, хемиски растворувачи итн
Чистење на барабанот
'Рѓата која ја создаваат металните предмети во рамки на барабанот би требало веднаш да се
отстрани со помош на детергент без хлор. Никогаш не користете челична волна.
НАПОМЕНА
• Не ставајте алишта во машината за перење во тек на циклусот на чистење на барабанот.
Чистење на заптивните гуми и стаклото на вратата
После секое перење, избришете го стаклото и заптивните
гуми за да ги отстраните фините влакна и дамките. Наслагите
од фини влакна може да доведат до протекување. После секое
перење, отстранете ги монетите, копчињата и други предмети
кои може да се најдат во заптивните гуми.
Чистење на влезниот филтер
НАПОМЕНА
• Чистењето на влезниот филтер се врши кога машината е празна.
65
MK

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents